/ Прочитано:

2.319

Академик одржа обука за практичната примена на Законот за административни службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор

Академик одржа уште една успешна обука во врска со практичната примена на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административни службеници.

akad 2

На обуката, на која предавач беше  Југослав Ѓорѓиевски oд Министерството за информатичко општество и администрација, се дискутираа прашањата за класификацијата, каталогот на работни места, постапката на мобилност, подготовката на акти за систематизација и организација на работните места, потоа прашањата поврзани со условите и постапката за вработување и постапката за унапредување, како и прашањата за менторството и постапките за управување со ефектот. На обуката се говореше и за дисциплинска постапка и постапка за материјална одговорност, платите за админситративните службеници и престанокот на работниот однос.

akad 4

Во таа насока, на обуката законските решенија за административните службеници и вработените во јавниот сектор, беа дискутирани и прашањата за работните места на административните службеници, кои се класифицираат согласно со  одговорноста, целите, видот и сложеноста на работите и работните задачи на работното место и  потребните стручни квалификации, работното искуство во струката, општите и посебните работни компетенции и други критериуми од значење за работното место.

akad 7

Понатаму беше елаборирано и прашањето за пополнувањето на работно место на административни службеници кое се врши преку спроведување на постапка за вработување,  унапредување и  мобилност преку распоредување или преземање.

???

Во согласност со законските прописи, како што беше посочено на обуката, институциите имаат обврска да ги планираат вработувањата на административните службеници врз основа на Методологијата за планирање утврдена во Законот за вработени во јавен сектор. Во таа смисла, беше истакнато дека постапката на унапредување има за цел да им овозможи на административните службеници кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места.

akademik1

Исто така, на обуката се елаборише и прашањето за менторството, оценувањето и дисциплинската одговорност на административниот службеник, кој одговара дисциплински за дисциплинска неуредност и дисциплински престап. Дисциплинската неуредност претставува полесна повреда на работната дисциплина, работните задачи, угледот на институцијата или на административниот службеник, додека, пак, дисциплински престап претставува потешка повреда на службената должност, работната дисциплина, угледот на институцијата или угледот на административниот службеник.

akademik..

На обуката особено внимание се посвети на подготовката на акти за систематизација и организација на работните места, како акти кои институциите треба да ги имаат за устројување на сопственото организациско работење и на донесувањето на годишните планови за вработување.

foto akademik

Учесниците на обуката велат дека  прописите кои се новина во македонското законодавство, мошне методично се појасниле на обуката и изразуваат задоволство што на интерактивен начин се разговарало за бројните дилеми.

„Се чувствувавме многу пријатно на обуката, предавањето беше убаво реализирано, можевме да поставуваме прашања. Ова се сега закони за кои мора вака да се објаснат работите, за да може и да ги примениме и затоа е добро што на директен начин се објаснуваат прашањата“ – Томислав Лакташ, Елена Павловска и Кристина Илијоска, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември – Скопје.

„Нас ни се разјасни се, тоа шро прашавме добивме одговор. Знечи обуката е супер, предавачот, организацијата итн. Задоволни сме во секој случај“  – Анета Лазова, ЈП Комуналец – Неготино.

„Успешно реазлирана едукација, пофалби за обуката. Предвачот Ѓорѓивски имаше корисна и јасна презентација околу прашањата за службениците. Тој даде и многу одговори, практични примери“,  – Милкица Миленкоска,  Билјана Ѓоргиева и Светлана Попова, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

„Висока оценка за обуката, навистина имаше одлична атмосфера, се кажаа многу работи и секако дека тоа за нас ќе биде од голема важност, а во однос на тоа за тоа како да се ориентираме кон имплементацијата на законот, како да се постапува, што да се знае“, – Цутка Јованоска и Флориан Несими, Државен универзитет – Тетово.

„Обуката беше можност да преку практични примери да се дојде до нови заклучоци и сознанија, но и да се споделат искуства меѓу нас, а и да се праша предавачот од релевантната институција за се што предизвикува дилеми кај нас и да се расчисти она што веројатно се јавува кај повеќето како нејаснотија, што секако се појавува при сите нови закони“ – Емилија Тасевски, Марко Стефановски и Вуле Ќулумовски, Агенција за катастар на недвижности.

„Големо е задоволството од обуката, беше многу корисно да се биде дел од ваква обука, со добар предавач, колеги од повеќе институции, и многу богата дебата и дискусии“ – Ана Ковачевска, Даниела Спасиќ-Томовска, Владимир Петковски и Ирка Малиќевиќ, Агенција за пошти.