/ Прочитано:

1.318

Akademika.com.mk: Новиот Закон за филмска дејност е објавен на akademika.com.mk

Четврток, 6 јуни 2013 – Новиот Закон за филмска дејност чија примена стартува на 1 јануари 2014 година e објавен на akademika.com.mk. Со овој закон се уредуваат вршењето на филмската дејност, основањето, работата, раководењето, управувањето, финансирањето, надзорот над работата и други прашања поврзани со работата на Агенцијата за филм на Република Македонија.

Законот, меѓудругото, предвидува основање на Агенцијата за филм на Република Македонија, на местото на досегашниот Филмски фонд на РМ. Нејзини надлежности се:

  • финансира проекти од национален интерес во филмската дејност,
  •  прибира средства за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност,
  • ја предлага и ја спроведува стратегијата,
  • го поттикнува развојот на домашните филмски сценарија,
  •  дава поддршка за реализација на меѓународни филмски копродукции во согласност со ратификуваните меѓународни договори за оваа област,
  • остварува меѓународна соработка со институции, фестивали и други организации од филмската дејност и ја претставува Република Македонија на нив,
  • врши активности за поттикнување на вложувањата во филмската дејност во Република Македонија вo согласност со овој закон,
  •  соработува со здруженијата од областа на филмската дејност,
  •  води евиденција за филмски продуценти, филмски дистрибутери и киноприкажувачи во Република Македонија,
  • води евиденција за снимените филмови што се финансирани со средства од Буџетот на Република Македонија,
  •  води евиденција за филмовите што се дистрибуираат во кината во Република Македонија,
  •  води евиденција за филмови што се снимаат во Република Македонија,
  •  врши контрола над наменското користење на средствата доделени од Агенцијата и
  •  eднаш годишно до Министерството за култура и до Владата на Република Македонија доставува годишен извештај за својата работа, со финансиски показатели и истиот го објавува на веб страницата на Агенцијата.
>> Законот за филмска дејност проследете го на akademika.com.mk