/ Прочитано:

1.670

Активности што треба да ги преземат надлежните институции по прогласената кризна состојба по поплавите

Главниот штаб има обврска да изготви Акциски план за превенција и справување со зголемениот обем на врнежи и поплави на подрачјата зафатени од невремето, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирана набавка на наменски материјално-технички средства.

Поплава во Скопје/ Фото: АРМ

Со вчерашната одлука на Владата на Република Македонија се утврдува постоење на кризна состојба, поради зголемениот обем на врнежи и поплави на дел од територијата на Република Македонија, т.е. на подрачјата на Скопскиот и Тетовскиот Регион, која ќе трае 15 дена од денот на влегување во сила на одлуката за прогласување кризна состојба.

Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување, а со тоа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање. Главниот штаб има обврска да изготви Акциски план за превенција и справување со зголемениот обем на врнежи и поплави на подрачјата зафатени од невремето, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирана набавка на наменски материјално-технички средства.

Исто така, според одлуката, органите на државната управа треба да преземат мерки и активности во согласност со прописите за управување со кризи.