/ Прочитано:

754

АКЦИЈА „МЕСО“: БиХ апси министри во борба против организираниот криминал

Среда, 10 септември 2014 – Една од најголемите акции во борбата против организираниот криминал и повеќемилионско даночно затајување започна денеска со апсења на двајца министри во Босна и Херцеговина. Со лисици на раце вчера беа спроведени федералните министри Јерко Иванковиќ Лијалновиќ и Милорад Бахиљ, пренесе „Ал џезира“. 
Од Oбвинителството на БиХ соопштија дека во повеќе градови во земјата се спроведува акција со кодно име „Месо“.Како што дознава „Аваз“ меѓу уапсените се федералниот министер за земјоделство, водостопанство и шумарство Јерко Иванковиќ Лијалновиќ, како и неговиот брат. Новинарите на „Аваз“ телефонски контактирале со Малден Иванковиќ Лијановиќ, претседател на партијата „Со работа до добивка“, кога тој им потврдил дека е уапсен неговиот брат, но уште додадл дека токму во тој момент го апсат и него: „Еве и мене во моментов ме апси СИПА“. Потоа, според пишувањата, следело прекин на телефонската врска. „Аваз“ пишува дека е уапсен и министерот за трговија во владата на Федерацијата БиХ и член на партијата „Со работа до добивка“. По налог на обвинителството на БиХ, акцијата се спроведува на подрачјето на Сараево, Мостар, Широки Брег и Груда, пишува „Ал џезира“. „Се работи меѓу останатото и за даночни затајувања во износи од повеќе од 11 милиони конвертибилни марки (5,5 милиони евра), кои се направени со формирање и подоцнежни фиктивни гаснења на претпријатија, со оставање на голем долг за данок. Наведените претпријатија се занимавале со увоз, производство и преработка на месо и месни производи. За наведените повеќемилионски износи е оштетен буџетот на БиХ, а на тој начин и сите граѓани на нашата земја. Активности се спроведуваат во вкупно 14 локации во градови низ Босна и Херцеговина, а ќе бидат реализирани лишења од слобода на околу 10 осомничени лица, и претреси во три претпријатија“, се наведува во соопштението на Обвинителството. Меѓу осомничените има и звучни имиња од стопанското и јавно милје во Босна и Херцеговина.