/ Прочитано:

1.196

АКЦИЈА НА МВР: Приведување лица под сомнение дека учествувале во паравоени формации во Сирија

Четврток, 6 август 2015 – Македонската полиција изутринава извршила претреси и апсења неколку лица, под сомнение дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде што има воени конфликти. МВР најавува повеќе детали за акцијата во текот на денот.

Од МВР истакнуваат дека антитерористичката акција на МВР е за приведување лица за кои постојат сомненија дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде што има воени конфликти, како и лица кои врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија.

Според информациите, акцијата се спровела во повеќе градови во земјава. Во Скопје, Струга и Куманово биле уапсени неколку лица, а биле извршени претреси во објекти во Гостивар и на други локации. Од МВР велат дека акцијата е во завршна фаза.

Полициската акција била насочена против лица што учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации. Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.

.