/ Прочитано:

757

Анима Мунди: Злоставувач на кучиња дејствува во Кочани

Петок, 29 август 2014 – Во недоизграден објект во Кочани се доведувани, малтретирани и убивани кучиња, алармира Анима Мунди.

По истрага спроведена од здружението „Втора шанса“ од Кочани е забележано во дека напуштениот објект може да се видат малтретирани кучиња.

Врзувани, изгладнувани и трауматизирани кучиња, кучиња оставени без вода, кучиња кои преку ноќ исчезнуваат и на кои им се губи секоја трага, се слика на еден напуштен објект во изградба, во Кочани (реон улица Скопска). При влезот во објектот ве полазуваат морници – секогаш наоѓате некое ново куче, преплашено, кое моли за помош, дехидрирано и прегладнето. Се вртите и гледате остатоци од тела на мртви кучиња –распаднати лешови, расфрлани екстремитети. Лицето е пријавено и и е познато на  полицијата, но никој никогаш не презел ништо“, велат од Анима Мунди.

Од Здружението бараат темелна истрага и најстрога казна за сторителот.