/ Прочитано:

1.192

„Антико“ – мрежа на граѓански организации за женски човекови права: Разликата во паричните награди на атлетскиот маратон во Охрид е дискриминаторска

Женската граѓанска иницијатива „Антико“ – мрежа на граѓански организации за женски човекови права, денеска го осудува „дискриминаторскиот пристап“ на организаторот на 31. Меѓународен маратон што секоја година се одржува во Охрид на 8 септември. Појаснуваат дека е дискриминаторска разликата во паричните награди предвидени за пливачите во машка и во женска конкуренција. Имено, наградата за првопласираниот маратонец е 800 евра, додека за првопласираната маратонка е 500 евра. За второ место, наградите се 400 евра во машка конкуренција, а 250 евра во женска конкуренција, а за третопласираните наградите изнесуваат 200 евра за мажи и 100 за жени.

Најавата за одржување на 31. Меѓународен маратон во Охрид предизвика остри реакции во однос на наградниот фонд, кој предвидува речиси двојно помали награди во женска конкуренција.

Преку отворено писмо женската граѓанска иницијатива „Антико“ – мрежа на граѓански организации за женски човекови права, денеска го осудува „дискриминаторскиот пристап“ на организаторот на 31. Меѓународен маратон што секоја година се одржува во Охрид на 8 септември.

Појаснуваат дека е дискриминаторска разликата во паричните награди предвидени за пливачите во машка и во женска конкуренција. Имено, наградата за првопласираниот маратонец е 800 евра, додека за првопласираната маратонка е 500 евра. За второ место, наградите се 400 евра во машка конкуренција, а 250 евра во женска конкуренција, а за третопласираните наградите изнесуваат 200 евра за мажи и 100 за жени.

„Ова покажува дека дури и во услови на иста стартна позиција помеѓу жените и мажите, односно можноста да се натпреваруваат на истата патека, сепак, надоместокот, односно наградата не е иста за жените и за мажите. Таквиот пристап ниту е во согласност со спортскиот дух, но уште поважно не е во согласност со Законот за еднакви можности на жените и мажите каде што, меѓу другото, децидно е наведено дека се забранува дискриминација врз основа на пол во јавниот и во приватниот сектор во многу области меѓу кои и во спортот“, се наведува во писмото на женската граѓанска иницијатива „Антико“.

Тие бараат промена на критериумите за вреднување и изедначување на наградите без разлика на полот.

Меѓународниот маратон во Охрид се одржува од 1976 година. До 1993 година се одржуваше на 7 ноември, во чест на Денот на ослободувањето на Охрид, а од 2004 година наваму, откако оваа пливачка манифестација добива меѓународен предзнак, се одржува секоја година на 8 Септември, по повод Денот на независноста на Република Македонија.

А. Б.