/ Прочитано:

1.757

Јавна опомена од Антикорупциска за министерот Веле Самак

Среда, 19 февруари 2015 – Државната комисија за спречување на корупцијата му изрече јавна опомена на министерот без ресор, Веле Самак, бидејќи во  својство на министер е потписник на договорот за доделување на државна помош од Република Македонија на правното лице „МАРКАРТ Македонија“ ДООЕЛ – Скопје, кое се јавува како инвеститор, каде што е вработена неговата сопруга врз основа на договор за вработување.

„Постапувајќи во согласност со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање, во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето, да преземе чекори во насока на отстранување на утврдените повреди на одредбите од Законот за спречување судир на интереси, односно доброволно да ја отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Веле Самак не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена “, се образложува во опомената.