/ Прочитано:

689

Антикорупциска ќе ги презентира резултатите од проект за борба против корупцијата

Петок, 6 февруари 2015 – Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ги презентира досега остварените резултати од ИПА Твининг проектот – Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата, кој го реализира во партнерство со Сојузната служба за администрација на Република Германија.

Од Комисијата посочуваат дека од почетокот на јули 2014 година проектните активности се одвиваат интензивно и така како е предвидено. Во една од осумте компоненти, компонентата 5 посветена на јакнење на јавната антикорупциска свест, наведуваат од Комисијата, е реализирано истражување на јавното мислење во Република Македонија на тема „Актуелни согледувања за корупцијата и ефикасноста во борбата против неа“.