/ Прочитано:

1.941

Барање за прием во државјанство на Република Македонија за лица со признато право на азил во Република Македонија

Со правна помош добиена од страна на МЗМП, во согласност со одредбите на Законот за државјанство на РМ, до декември 2016 година, за натурализација имаат аплицирано 223 лица, од кои 217 лица со статус на лица под супсидијарна заштита и 6 лица со статус на признаен бегалец. Од овие лица, гаранција за прием во државјанство на РМ добиле 3 лица, а додека 7 лица се примени во државјанство на РМ (сите со претходен статус на лица под супсидијарна заштита).

бегалци азиланти

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), како имплементирачки партнер на УНХЦР, постојано го поддржува процесот на интеграција на лицата со признато право на азил во Република Македонија, преку обезбедување целосна поддршка за овие лица во процесот на нивното природување, а со цел да добијат државјанство на Република Македонија.

Со правна помош добиена од страна на МЗМП, во согласност со одредбите на Законот за државјанство на РМ, до декември 2016 година, за натурализација имаат аплицирано 223 лица, од кои 217 лица со статус на лица под супсидијарна заштита и 6 лица со статус на признаен бегалец. Од овие лица, гаранција за прием во државјанство на РМ добиле 3 лица, а додека 7 лица се примени во државјанство на РМ (сите со претходен статус на лица под супсидијарна заштита).

Барање за прием во државјанство на Република Македонија за лица со признато право на азил во Република Македонија

Барањето за прием во државјанство во РМ се поднесува лично во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во местото на живеење, и кон него се приложуваат и потребните документи. Доколку се работи за семејство со деца, во барањето мора да се вклучат и тие.

Пред поднесување на барањето, потребно е да се плати административна такса од 20 евра и за неа да се земе потврда од пошта/банка за уплатата, која се приложува заедно со барањето. Доколку бидете примени во државјанство на РМ, потребно е да се уплатат уште 80 евра за административна такса и за неа повторно мора да се земе потврда од пошта/банка и се поднесува до подрачната единица на МВР пред да се подигне решението за прием во државјанство на РМ.

Ако вашиот единствен извор на средства е постојана парична помош или социјална парична помош која ви ја дава државата, можете да побарате од МВР да бидете ослободени од плаќање на административна такса.

Доколку сте лице со признато право на азил заради супсидијарна заштита во Р Македонија повеќе од 8 години, можете да аплицирате за прием во државјанство на Република Македонија во согласност со член 7 (со природување) од Законот за државјанство на Република Македонија.

Доколку сте лице со признат статус на признаен бегалец повеќе од 6 години, можете да аплицирате за прием во државјанство на Република Македонија во согласност со член 7-а  (со природување) од Законот за државјанство на Република Македонија.

Услови што треба да ги исполните во согласност со член 7 (со природување) се:

1. Да имате наполнето 18 години;

2. Да живеете во РМ законски и постојано 8 години; За признаен бегалец важат истите услови како и по член 7, само престојот изнесува 6 години и се аплицира по член 7-а;

3. Да имате обезбедено стан;

4. Да имате обезбедено постојан извор на средства за егзистенција во висина која овозможува материјална и социјална сигурност под услови утврдени со закон;

5. Во РМ и во државата чие државјанство го имате, да не сте казнувани со казна затвор во траење од најмалку една година за дела за кои се гони по службена должност и кои се казниви според прописите на РМ;

6. Во РМ и во државата чие државјанство го имате, против вас да не се води кривична постапка;

7. Да го владеете македонскиот јазик до тој степен да може лесно да се разберете со околината;

8. Де не ви е изречена мерка забрана за престој во РМ;

9. Вашиот прием во државјанство на РМ да не ја загрозува безбедноста и одбраната на РМ;

10. Ако ги исполните сите услови од број 1 до број 9, ќе треба исто така да имате отпуст од досегашното државјанство или да докажете дека ќе го добиете ако бидете примени во државјанство на РМ.

По исклучок од точка 10, ако странската држава не дава отпуст или ако за отпуст од државјанство поставува такви услови кои странецот не е возможно да ги исполни, а притоа да не се создадат егзистенцијални или безбедносни проблеми за него и за неговото семејство, тој ќе биде примен во државјанство на Република Македонија ако даде изјава дека се откажува од странското државјанство.

Потребни документи од Република Македонија:

1. Кратка биографија (МЗМП);

2. Валидна лична карта за лице под супсидијарна заштита, односно лична карта за лице со признат статус на бегалец;

3. Валидно решение за статус на лице под супсидијарна заштита или признаен бегалец во Р Македонија (доказ за законски престој во РМ);

4. Доказ за постојан извор и висина на средства за егзистенција: потврда за остварување на социјална парична помош со понов датум (за невработени); потврда за работен однос (за вработени); потврда за друг извор на приходи.

5. Уплатница од 20 евра (за вработени) или барање за ослободување од такса за лица корисници на постојана парична или социјална парична помош;

6. Доказ за обезбеден стан: поседовен (имотен) лист за сопственост на стан; договор за закуп заверен на нотар (за склучување на овој договор потребно е имотен лист за недвижноста која се издава под закуп);

7. Уверение дека не се води кривична постапка во Р Македонија (суд);

8. Уверение од казнена евиденција во Р Македонија (суд).

Документи потребни од матична држава (или изјава на апликантот дека не е во можност да ги прибави овие документи од матичната држава бидејќи ќе се создадат безбедносни проблеми за него и семејството бидејќи му е признато право на азил, односно е под меѓународна заштита во Р Македонија):

1. Уверение дека не се води кривична постапка (суд);

2. Уверение од казнена евиденција (суд);

3. Извод од матичната книга на венчани (доколку лицето е венчано);

4. Извод од матичната книга на родени.