/ Прочитано:

857

БиХ: Уапсени 13 лица осомничени за воени злосторства

Понеделник, 1 септември 2014 – Припадници на Агенцијата за истрага и заштита во Босна и Херцеговина (СИПА) денеска уапсија 13 лица под сомнение дека сториле воени злосторства и злосторства против човештвото во 1992 година во реонот на Добој и Теслиќ.

Меѓу уапсените се и тогашни високи полициски функционери, како и членови на вооружената формација „Миќа“ од Теслиќ.

Уапсените се осомничени за учество во убиствата на повеќе од 40 лица, за присилна преселба и незаконско притворање на неколку стотици луѓе, како и за пљачкосување и уништување на имотот на Бошњаците и Хрватите. 

Босанското обвинителство соопшти дека ова е еден од случаите кои биле отворени од обвинителството на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, а потоа префрлени на домашното правосудство.