/ Прочитано:

1.116

Блокирана е постапката за избор на нов врховен судија на САД

Постапката за избор на нов судија на Врховниот суд на САД станува сложена и комплицирана. Политичкиот дел од изборот на судијата Мерик Гарланд станува комплициран по противењето на републиканците, кои уште од пред неколку месеци објавија дека се против тоа нов судија да се избере додека трае мандатот на сегашниот претседател на САД, Барак Обама, и дека треба да се почека додека се избере нов претседател на изборите закажани за 8 ноември оваа година.

akad 1

Постапката за избор на нов судија на Врховниот суд на САД станува сложена и комплицирана. Политичкиот дел од изборот на судијата Мерик Гарланд станува комплициран по противењето на републиканците, кои уште од пред неколку месеци објавија дека се против тоа нов судија да се избере додека трае мандатот на сегашниот претседател на САД, Барак Обама, и дека треба да се почека додека се избере нов претседател на изборите закажани за 8 ноември оваа година.

И демократите и републиканците почнале да водат медиумска борба искористувајќи ги своите стратегии за односи со јавноста. Имено, конзервативната мрежа наречена „Мрежа за кризи во судството“ веќе потрошила 4,5 милиони долари за да ги зајакне позициите на републиканците во лобирањето за одложување на изборот на судијата Гарланд и да ги нападне демократите дека водат нечесна борба.

Овој дел од стратегијата има за цел да ги задржи сенаторите од Републиканската партија да останат на првичниот став дека се против изборот на нов судија додека не се избере нов претседател, а истовремено и да се добие цврста контрола врз Сенатот.

И републиканскиот кандидат за претседателските избори Доналд Трамп сака да го искористи своето влијание, а истовремено и дел од високите партиски челници на Демократската партија се обидуваат да ги придобијат донаторите кои ѝ припаѓаат на републиканската партија со цел да се изврши избор нов судија на Врховниот суд на САД.

Тие досега потрошиле близу 3 милиони долари во лобирање а најголем дел од донациите биле собрани од сенаторите од државите Њу Хемпшир, Ајова, и Мисури каде што биле потрошени 1,2 милиони долари.

Демократите дури имаат подготвено и нов план наречен „9-9-9”, со кој ќе се таргетираат девет сенатори од девет држави во САД за да се избере деветтиот судија на Врховниот суд, но изјавиле дека сè уште не сакаат да коментираат ништо во врска со тој план.

Засега никој од републиканските сенатори не го променил своето мислење од почетокот, па еден од претставниците на сенатот Мич Меконел, изјавил дека првичниот план на демократите не ја остварил целта.

Од Демократската партија изјавиле дека од политичка гледна точка предноста е на нивна страна, но сепак ги загрижува несериозното однесување на нивните сенатори кои ѝ го нарушуваат угледот на партија.

Тие сакаат да се изврши изборот на судијата Гарланд и се надеваат дека колку повеќе ја блокираат постапката републиканците, толку повеќе места ќе освојат демократите во Сенатот и, порано или подоцна, ќе се случи изборот.