/ Прочитано:

8.906

БРУТО-ПЛАТА 2017 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

УЈП објави соопштение во врска со најниската и највисоката основица за пресметување на придонеси за бруто-плата за 2017 година.

fotografija

Просечната бруто-плата по работник во Република Македонија, велат од УЈП, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2017 година изнесува 32.877,00 денари.

Просечната бруто-плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2017 година (во согласност со членот 15 и членот 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2017 година изнесува 16.439,00 денари (50 % од 32.877). Највисоката основица за пресметка на придонесите за 2017 година за примањата од работен однос изнесува 394.524,00 денари (12 x 32.877). Највисоката основица за пресметка на придонесите за 2017 година за самовработено лице изнесува 263.016,00 денари (8 x 32.877).

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.

akademik foto 1

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемен е индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10,6 %), Градежништво (8,0 %) и Уметност, забава и рекреација (7,7 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,9 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3,4 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2016 изнесува 32 877 денари. Во ноември 2016 година, 1,4 % од вработените во Република Македонија не примиле плата“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

M.В