/ Прочитано:

1.246

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР: СЈО има целосен пристап до електронските бази на податоци, дополнително ќе ја доставиме и другата барана документација

„Податоци од Централниот регистар воопшто не можат да бидат уништени, со оглед на тоа што базите се водат електронски, на повеќе локации, а секоја промена во регистрите електронски, во реално време, се доставува и до бројни други институции, преку веб-сервиси и преку системот за интероперабилност“, велат од Централниот регистар.

centralen-registar

По вчерашната акција на Специјалното јавно обвинителство за одземање на документација од Централниот регистар на Република Македонија, се огласи и засегнатата институција.

Од  Централниот регистар најостро ги демантираат шпекулациите дека вршеле прикривање, затајување или уништување на документација за податоците од регистрите со коишто раководат.

„За тоа дека не се случило никакво уништување на документација сведочи фактот што СЈО на самото место утврди дека документите постојат во целост и дека ниеден документ не е уништен, а дел од бараните податоци им беа предадени, додека останатите ќе им бидат предадени во согласност со заемнодоговорената динамика според потребите на СЈО во периодот што следува“, се наведува во соопштението на ЦР.

Од Централниот регистар наведуваат дека СЈО од средината на декември минатата година има неограничен пристап до базите на податоци по електронски пат, во реално време и досега не бил пријавен никаков проблем при користењето на овие податоци.

Пред одземањето на документацијата од страна на СЈО, Централниот регистар побарал прецизирање на барањето што го добил од СЈО, но наместо одговор добил судска наредба.