/ Прочитано:

1.482

Дебата за поефикасна администрација: Административните работници имаат право на унапредување во кариерата

Како една од поголемите забелешки би ја истакнал онаа што се однесува на унапредувањето во кариерата на административните работници. Иако имаат образование, разни обуки, стручни се во својата област, тие не можат да напредуваат дури ниту по 15 години поминати на едно работно место. Затоа сметаме дека сè додека постои неможност да се унапредат одредени административни службеници, сè додека не се искористи правото на интерен оглас за напредување во кариерата, не треба да нема нови вработувања во јавната служба“, вели Деановски.  

шалтерски работници

Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници содржат многу нелогичности и голем број неуставни и незаконски одредби, поради што мора да подлежат на итни измени, а доколку дојде до тоа, мора да бидат вклучени работниците, односно синдикатите, истакнаа учесниците на денешната отворена дебата со наслов „Крикот на администрацијата и владеењето на правото во Република Македонија“.

Трпе Деановски, генерален секретар на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), истакна дека при донесувањето на овие закони било истакнато дека тие се правени со помош на искуства од Велика Британија и од Скандинавија, но нагласи дека на Македонија ѝ е потребен автохтон закон кој ќе биде целосно приспособен на условите на вработените во нашата земја.

„Иако денеска зборуваме за Законот за вработените во јавниот сектор и за Законот за административни службеници, мора да нагласиме дека врз основа на овие два закони беа донесени дури 145 измени во други закони и тоа без дебата и без јавна расправа, а меѓу нив беа: Законот за судски службеници, Законот за инспекциски надзор, Законот за шумите итн. Со примената на сите овие закони, на површина излегоа сите нелогичности за кои имаме сериозни забелешки. Како една од поголемите забелешки би ја истакнал онаа што се однесува на унапредувањето во кариерата на административните работници. Иако имаат образование, разни обуки, стручни се во својата област, тие не можат да напредуваат дури ниту по 15 години поминати на едно работно место. Затоа сметаме дека сè додека постои неможност да се унапредат одредени административни службеници, сè додека не се искористи правото на интерен оглас за напредување во кариерата, не треба да нема нови вработувања во јавната служба“, вели Деановски.  

Посебно загрижува тоа што постои сериозна злоупотреба во однос на дисциплинските постапки, вели Деановски кој нагласува дека постојат примери што упатуваат на тоа дека голем дел од дисциплинските постапки поведени за некој вработен се фингирани.

„Има случаи кога се фингираат дисциплински постапки само за да биде некој казнет или за да биде избркан од работа. Загрижува и тоа што дисциплинската комисија се составува од вработените од истата институција и на тој начин се создава раздор во институциите. Како конкретен пример за злоупотреба при поведување дисциплински постапки би ја нагласил онаа што се случи пред две недели во Основниот суд Скопје 1 – Скопје кога имаше оглас за секретар на Судот. Имено тогаш, во еден ден беа казнети 150 вработени само за да не аплицираат на огласот за секретар на Судот, иако станува збор за стручни вработени, со одлични компетенции, дотогашни оценки 4 и 5, но сега беа оценети со 1 или со 2 само за да не можат да аплицираат на конкурсот. Ова е само еден од примерите за злоупотребата од страна на државните раководни органи во македонските институции“, нагласи Деановски.

Од Синдикатот на културните работници на Македонија истакнаа дека со сите сили се борат да не се применува во пракса делот од Законот за вработените во јавниот сектор кој се однесува на оценувањето на уметниците.

„Не дозволивме да се применува овој парадоксален закон кога станува збор за оценувањето на уметниците. Нам ни беа поделени оние срамни решенија во кои стои дека уметниците се нарекуваат даватели на јавни услуги, но успеавме да ги обединиме сите културни работници и донесовме одлука да не ги потпишуваме овие решенија. Нема да попуштиме. Кога станува збор за ова прашање, наш најголем оценувач е публиката“, рече Виктор Илиески од СКРМ.

На денешната дебата беше истакнато дека за да има ефикасна администрација, во Македонија мора да се преземат конкретни мерки со кои ќе се направат извесни промени во законската регулатива, но она што е најважно е сето она што ќе биде ставено на хартија да се имплементира и во пракса.

А. Б.