/ Прочитано:

874

ДИК на „готовс“ – спремни за претседателски, насетуваат и предвремени парламентарни избори

Петок, 31 јануари 2014 – Државната изборна комисија е подготвена за одржување на претседателските избори, како и за евентуално одржување предвремени парламентарни избори, изјави за МИА претседателот на Комисијата Никола Рилкоски, за кого се поизвесно е одржување на предвремени парламентарни избори.

„ДИК ќе почека официјално да добие решение за распишување на изборите и можеби уште веднаш, а најдоцна во недела ќе одржие седница на која што ќе ги верифицираме одлуките што се однесуваат на подготовките и носењето на актите кои се во врска со одржувањето на изборите, како што се роковникот за работење, финансискиот план итн. Во секој случај ДИК уште во претходниот период се подготвуваше и мислам дека спремни ќе го дочекаме стартот на овие избори“, вели Рилкоски.

Како што посочува тој, според неговите сознанија се поизвесно е дека ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

„Ако предвремените парламентарни избори се одржат во вториот круг од претседателските ќе имаме едно мало пореметување во однос на роковите, меѓутоа и тој дел од работењето мислам дека веќе го имаме избалансирано и ќе бидеме подготвени да одговориме на сите наши обврски“ соопштува Рилкоски.