/ Прочитано:

857

ДКСК во соработка со ЕУ: „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“

Вторник, 23 септември 2014 – Конференција за започнување на твининг-проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“ ќе се одржи денеска во седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Партнери во реализацијата на проектот се Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Проектот е дел од Програмата ИПА 2010 на Европската унија и е креиран од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и поддржан од Европската унија.

На конференцијата ќе бидат соопштени планираните активности и цели што ќе се реализираат во период од две години колку што ќе трае проектот. Нив ќе ги презентираат Мирјана Димовска, член на ДКСК, во име на Република Македонија како земја-корисник, и на Михаил Арндт Холгер – во име на СР Германија, како земја-членка на Европската унија.