Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ

Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се основа заради обезбедување зголемен прилив на странски директни инвестиции и промоција на извозот со што се поттикнува економскиот раст и развој во Република Македонија.

  • развивање, на годишна основа, ажурирање и имплементирање на најдобрите практики на стратегии за промоција на инвестиции за привлекување странски директни инвестиции;
  • развивање, на годишна основа, ажурирање и имплементирање на најдобрите практики на стратегии за промоција на извозот;
  • развивање на неопходните вештини за ефективно развивање и имплементирање на стратегијата за промоција на инвестиции и извоз за исполнување и надминување на очекувањата на странскиот инвеститор со диференцирање на Република Македонија од други конкурентни земји преку давање на високо професионални услуги на инвеститорите, во процесот на прединвестирање, инвестирање и реинвестирање и високо професионални услуги во врска со промоција на извозот;
  •  вградување на стратегија за идентификување, во рамките на стратегијата за инвестициона и извозна промоција, на оние сектори кои претставуваат најдобри перспективи за максимизирање на нето економската добивка за Македонија;
  •  обезбедување услуги на инвеститорите и извозниците;
  •  дефинирање и поткрепување на клучните маркетинг пораки насочени кон подобрување на имиџот на Република Македонија како локација атрактивна за инвестирање и генерирање на инвестициони можности;
  •  професионално презентирање на секторски специфичните и оперативните добивки кои Република Македонија ги нуди на инвеститорите и извозниците, во електронски и печатени медиуми;
  •  развивање и имплементација на иновативни и поактивни промотивни настапи на целните пазари;
  •  воспоставување ефективно партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор за екстензивна промоција на Република Македонија и развивање на база на податоци за целните компании и системи за следење за да се помогне идентификувањето и осигурувањето на инвестирањето;
  •  развивање и имплементација на акционен план за целосно искористување на Интернет и информатичка технологија како средства за маркетинг и истражување;
  •  промовирање на регионите на Република Македонија и искористување на секоја можност за поттикнување на странските инвеститори да користат производи и услуги од македонските претпријатија;
  •  вршење анализа на условите за инвестирање и извоз и предлагање на измени на законската регулатива во насока на подобрување на климата за инвестирање и извезување;
  •  испитување и поттикнување развојни иницијативи како што се стимулирање на порастот на “Greenfield” инвестиции и технолошки индустриски развојни зони, заради зголемување на конкурентноста на Република Македонија како локација за инвестирање;
  •  склучување договор во име на Владата на Република Македонија, како давател на државна помош, во кој е определена државната помош која се доделува на корисникот на зоната, согласно со Законот за технолошко индустриска развојна зона, за кој договор Владата на Република Македонија дава претходна согласност;
  •  доставување информација за доделената државна помош во технолошко индустриски развојни зони, за изминатата година, во согласност со Законот за технолошко индустриски развојни зони до Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони;
  •  давање информативни услуги на извозниците од Република Македонија во врска со надворешната трговија, извозните процедури, царини, даноци и законска регулатива, како и асистенција во обезбедување на сите административни лиценци и дозволи;
  • обезбедување информации за пристап до меѓународни пазари заради олеснување на извозниците во изнаоѓање на странски деловни партнери;
  •  вршење на активности за промоција на извозот во земјата и странство и поврзување на македонските извозници со странските купувачи;
  •  давање информативни услуги на странски компании за извозните потенцијали во Република Македонија;
  •  организирање, учество и поддршка на меѓународни саемски манифестации, семинари и деловни настани за македонските извозници;
  •  вршење на маркетинг истражувања за пристап на странски пазари, како и истражувања фокусирани на одредени сектори и пазари на држави и региони;
  •  подготвување, промовирање и презентирање на извозните потенцијали на Република Македонија во странство;
  •  логистичка поддршка на трговски мисии и делегации во земјата и странство;
  •  обезбедување размена на информации меѓу амбасадите, дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија и деловни субјекти, за испитување на пазарот и законодавството;
  •  презентирање на можностите на туристичките потенцијали на Република Македонија во странство заради поттикнување инвестиции во туризмот и
  •  врши и други работи во согласност со закон.