Комора на медијатори на РМ

Комора на медијатори на РМ

Медијацијата започнува на денот кога страните во спорот во писмена форма се согласиле дека ќе учествуваат во медијација, или со потпишување на изјава за согласност дека ќе учествуваат во медијација, дадена на записник пред суд. Ако страната што поканила друга страна на медијација не добие одговор за прифаќањето на поканата за медијација во рок од 15 дена од денот на испраќањето на поканата или во друг пократок рок кој е утврден со поканата, се смета дека предлогот за поведување на постапка за медијација не е прифатен.

Комората ги врши следниве работи:

  • го донесува Статутот на Комората,
  •  ја донесува Програмата за работа на Комората,
  • врши упис и бришење во Именикот на медијаторите,
  •  го донесува Етичкиот кодекс,
  • расправа за прашања непосредно поврзани со целите и задачите на здружувањето во Комората,
  •  усвојува извештај за работата на Комората,
  •  го избира претседателот на Комората,
  •  ги избира членовите на Управниот одбор,
  •  ги избира членовите на Надзорниот одбор,
  •  го донесува Деловникот за работа,
  • се грижи и е одговорно за целесообразно користење на средствата со кои управува Комората, односно нејзините членови;
  •  одлучува за висината на членарината, начинот на нејзиното плаќање и користење и
  •  врши други работи утврдени со закон и Статутот.