/ Прочитано:

797

Општина Центар денеска ќе ги соопшти првите наоди од ревизијата на „Скопје 2014“

Понеделник, 12 август 2013 – Општина Центар денеска  ќе ги соопшти прелиминарни сознанија од ревизијата за дел од проектот „Скопје 2014“.

Ревизијата се спроведува по барање на градоначаликот на Општината Андреј Жерновски, кој формираше експертска комисија за да се провери начинот на кој постапувала претходната општинска власт при градењето на објектите и спомениците од проектот „Скопје 2014“, што се реализирани преку општината.

Комисијата е составена од поранешните антиорупционери Слаѓана Тасева, Драган Малиновски и од претставник од правниот сектор во општината.

Тие добија 3-месечен рок да излезат со првичниот извештај, а за шест месеци треба да подготват конечен извештај за извршената ревизија за проектот „Скопје 2014“.