Информации

Стопански комори на РМ
Ул. „Прашка“ бр 23
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3091-440
email:
info@sojuzkomori.org.mk

Стопански комори на РМ

Стручните, помошните и административните работи за потребите на Сојузот на комори ги извршува стручната служба на Сојузот на комори. Стручната служба на Сојузот на комори подготвува информации, анализи, нацрти на општи и други акти за потребите на Сојузот на комори, иницира предлози за донесување и подготвува мислење по предлози на разни прописи од областа на стопанството и други работи предвидени со некој акт на Сојузот на комори. Стручната служба на Сојузот на комори обезбедува деловни информации, податоци, стручни совети, анализи, сугестии и сл. со кои се овозможува успешно работење на членовите на Сојузот на комори.
Надлежности на Стопанските комори на РМ
  • Издавање потврда за добивање визи, рекламирање на нашата веб страна и многу други поволности само за фирмите членки на Сојуз на стопански комори.
  • Консултантски услуги
  • Промоција на Вашата компанија (можност Вашата компанија да биде промовирана на веб седиштето на ССК, во електронскиот информатор кој го добиваат повеќе од 1000 компании,  медиуми низ целата држава, дипломати, меѓународни организации, а и промоција на настани во организација на ССК, преку брошури и каталози)
  • Бизнис информации (редовно информирање на членките за заинтересирани компании за соработка, настани, саеми, бизнис посети, форуми)
  • Застапување на Вашата компанија (артикулирање, процесирање и претставување на интересите и проблемите на фирмите членки пред надлежните институции)
  • Вмрежување и нови деловни контакти (размена на контакт информации, организирање на редовни средби, неформални средби кои се од особено значење за меѓусебното поврзување на фирмите)
  • Обуки и семинари од значајните бизнис теми (во изминатиот период успешно реализиравме поголем број на обуки и советувања а во тек е соработка со комората од Глазгов за размена на искуство и совети во одредени области.
  • Лобирање и успешно претставување на потребите на бизнис заедницата (учество во подготвка и давање на сугестии за предлог закони, предлог мерки за унапредување на деловната клима, воспоставена е редовна комуникација со Владата која со поставената динамика на комуникација од еден состанок на крајот од секој месец го гарантира исполнувањето на нашата намера да ги решаме проблемите на нашите членки инстуционално)