/ Прочитано:

1.928

Државен завод за статистика: Во првиот квартал стапката на невработеност 27,3 отсто

Вторник, 9 јуни 2015 – Во првиот квартал годинава стапката на невработеност во Македонија изнесува 27,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од годинава имало 262.140 невработени лица, а вработени биле 697.248 лица. Во однос на претходниот квартал стапката на невработеност е намалена за 0,3 отсто, а во однос на првиот квартал лани 1,1 отсто.

Поголемиот дел од невработените во првиот квартал биле мажи и тоа 62,8 отсто од вкупното активно население во земјава, а жени 37,2 отсто.

Според возраста најголем број невработени 166.414 се на возраст од 25 до 49 години. Според образованието, најбројни се оние лица со четиригодишно средно образование. Според статистиката бројот на овие лица изнесува 119.312. Од вкупниот број вработени лица во земјава најголемиот, односно 540.669 се вработени во приватниот сектор, а 156.579 се во друга сопственост.