/ Прочитано:

681

Двајца полицајци ќе одговараат бидејќи не му го одзеле пиштолот на осомничениот за убиствата во Кавaдaрци

Петок, 14 ноември 2014 – Соодветни кривични пријави против двајца полициски службеници најави денеска МВР, откако се утврдени низа пропусти и неосодветно постапување во процедурата во врска со неодземањето на оружјето и дозволата за оружје на осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци.

Констатирано е дека двајцата полициски службеници спротивно на нормативите не постапиле во два случаи, односно следствено прописите не повеле постапка за одземање на оружјето и дозволата за поседување на истото, иако за тоа имале законски основ.

„Во првиот случај на 27.08.2014 од ПС од ОН Кавадарци, од страна на инспекторот Д.Т. до ОЈО Кавадарци поднесена е кривична пријава за кривично дело по чл.130 став 2  вв ст.1  КЗ на РМ (“нанесување телесна повреда“) при што биле исполнети условите за одземање на пиштолот кој го поседувал Т.С. со дозвола, врз основа на инструктивна телегрма од Директорот на БЈБ. Во телеграмата е појаснето дека при поднесување на кривични пријави против лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело за кое се гони по службена должност и поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоци со елементи на насилство, од страна на полицискиот службеник кој работи на случајот задолжително да се провери во евиденциите дали лицето поседува дозвола за оружје односно дозвола за носење на оружје и истите заедно со оружјето и муницијата привремено да се одземат и за тоа да биде известен судот.

Во вториот случај констатирано е дека инспекторот Д.К. во текот на подготвувањето на кривичната пријава за сторено кривично дело по член 198 ст.1 од КЗ на РМ („одземање малолетно лице“) против Т.С. поднесена на 10.11.2014  исто така не постапил согласно погоре наведената Телеграма иако биле исполенти условите за одземање на пиштолот што го поседувал“, соопштуваат од МВР.

Секторот за внатрешна контрола против двајцата инспектори ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело –  „несовесно работење“.