/ Прочитано:

1.125

Двојно убиство во Охрид

Петок, 22 август 2014 – Две лица се убиени синоќа во Охрид. Инцидентот се случил синоќа околу 30 минути пред полноќ во угостителскиот објект „Империјал“.

Според првичните полициски информации, засега непознат напаѓач влегол во објектот и со истрели од пиштол ги убил двете лица. Напаѓачот е во бегство и по него се трага. Не се познати мотивите за инцидентот, но се претпоставува дека се работи за нерасчистени меѓусебни сметки. Полицијата повеќе детали за убиството најавува за денеска. Ова е второ двојно убиство во охридско-струшкиот регион, пред само десетина дена жител на Вевчани со огнено оружје уби двајца свои сограѓани.