/ Прочитано:

1.868

ДЗЛС: Четворица извршители ќе платат казни од 500 евра

Среда, 13 ноември 2013 – Четворица извршители кои во дневните весници ги објавиле единствените матични броеви на граѓаните заработија прекршочни пријави и ќе треба да платат казна од 500 евра, потврдуваат од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП).

Од ДЗЛП информираат дека на 7 овој месец ја предупредиле Комората на ивршители да го почитува членот 46-б од Законот за извршување и извршителите во објавата во дневниот печат да не ги објавуваат единствените матични броеви на граѓаните. 

Од 7 ноември па се до вчера, ДЗЛП регистрирала 4-рица извршители кои не постапиле по предупредувањето и прашањето на уредна достава на писмено го решиле преку јавна објава во дневен печат, не запазувајќи кои информации смее да ги содржи објавата. 

„Во овој член од Законот за извршување не е дозволено изнесување и обработка на матичните броеви на граѓаните во дневен печат, ние постапивме по службена должност и извршителите кои ги објавија непотребните лични податоци се казнети“, вели директорот на ДЗЛС, Димитар Георгиевски.