/ Прочитано:

1.121

Еди Рама: Без почитување на Охридскиот договор, Македонија не може да биде членка на НАТО

Вторник, 20 мај 2015 –  Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО, но најважната работа, според него, е гаранција за спроведување на Охридскиот договор.

Рама, во обраќањето на Регионалниот самит против тероризмот во Тирана,  како што пренесува АТА, рекол дека ги поддржува напорите на сите земји од Балканот, вклучително и на Косово, за влегување во НАТО, но што се однесува до Македонија тоа е условено со спроведувањето на Охридскиот договор.

„Без почитување на Охридскиот договор, Македонија не може да биде членка на НАТО. Ги поддржуваме сите напори за барање излез од политичката криза, но  бараме од Алијансата да усвои став за добивање гаранција за спроведување на Охридскиот договор, рече Рама“, вели Рама.

Според него, случувањата во Куманово се неприфатлива трагедија и ризично е кога се мешаат поимите. Поимот „тероризам“ и поимот „Албанци“ во Македонија се сплотиле, како што наведува тој, и тоа е неприфатливо во време кога Албанците се важен државотворен фактор за земјата.