/ Прочитано:

1.327

ФИФА ја комплетира истрагата за внатрешна корупција

По изминати 22 месеци, комплетирана е истрагата во врска со наводите за внатрешна корупција и други неправилности во работењето на меѓународната федерација на фудбалските асоцијации. Истрагата започна кога швајцарскиот јавен обвинител и американското Министерство за правда во 2015 година објавија дека постои сомневање за поткуп, мито и корупција. Предмет на истрага беа повеќе од 2.5 милиони документи и беше спроведено испрашување на сведоци од страна на швајцарското Јавно обвинителство и Министерството за правда на САД.

На официјалната интернет страница на ФИФА во петокот минатата недела беше објавено дека по изминати 22 месеци е комплетирана истрагата во врска со наводите за внатрешна корупција и други неправилности во работењето на меѓународната федерација на фудбалските асоцијации. Истрагата започна кога швајцарскиот јавен обвинител и американското Министерство за правда во 2015 година објавија дека постои сомневање за поткуп, мито и корупција.

Предмет на истрага беа повеќе од 2.5 милиони документи и беше спроведено испрашување на сведоци од страна на швајцарското Јавно обвинителство и Министерството за правда на САД. Според претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, нивна цел е спроведување темелна истрага, а од особен интерес е истрагата да се финализира со сеопфатна соработка со државните органи.

Сомнежот за корупција датира од мај 2015 година кога американските обвинители покренаа обвиненија против 14 високи претставници на ФИФА за перење пари, мито и рекетирање на дел од организаторите на Светското првенство кое треба да се одржи во 2022 година во Катар. Во нивната долгогодишна шема на дејствување, речиси две децении, како поткуп зеле повеќе од 150 милиони долари, а дел од парите ги прикажувале како средства кои биле инвестирани во спортски реклами.

Во април минатата година „Амнести интернешнл”, организација фокусирана на заштита на човековите права, излезе со соопштение дека работниците ангажирани за изградба на објектите за Светското првенство во Катар се соочуваат со злоупотреби на нивните работнички права. Во јануари оваа година, Стопанскиот суд во Цирих ја отфрли како неоснована тужбата која синдикатот на работниците ја поднел против организаторот на Светското првенство во Катар.

Од ФИФА истакнуваат дека остануваат посветени на соработката со државните органи и додека не биде изготвен официјалниот извештај од Јавното обвинителство на Швајцарија и Министерството за правда на САД, нема да даваат официјални соопштенија.

С. М.