/ Прочитано:

1.206

ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА: Пoднесување на „Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските“

Четврток, 8 јануари 2014 – Управата за јавни приходи изготви посебен образец  УЈП-ДИ-З.2-03 (Известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските), чија цел е поедноставување на исполнувањето на законската обврска на нотарите, извршителите и судовите кои во согласност со Законот за финансиска дисциплина, се должни да достават писмено известување за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврски.

„Доколку должникот нема да ја исполни паричната обврска во законските рокови предвидени со член 5 и 7 од Законот за финансиска дисциплина, а доверителот поднесе тужба до надлежен суд / предлог за извршување до извршител / предлог за платен налог до нотар, во вакви случаи судот, извршителот или нотарот се должни да достават писмено Известување (образец УЈП-ДИ-З.2-03) до Управата за јавни приходи.

Известувањето УЈП-ДИ-З.2-03, овластените подносители (нотарите, извршителите и судовите) можат да го поднесат почнувајќи од 01.01.2015 година до надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП, односно во дирекцијата на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор. За утврдување на надлежната дирекција на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор, преземете го документот „Месна надлежност на дирекции на УЈП“ (кликни тука).

Известувањето за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските (образец УЈП-ДИ-З.2-03) е составен дел одУпатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор бр. 21-7087/1 од 30.09.2014 година, во кое се прецизираат надлежностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, односно начинот и формата на поведување на постапката на надзор, обврската за известување, санкции за прекршителите и постапката во случај на непостапување“, се вели во известувањето на УЈП.