/ Прочитано:

996

(ФОТО) ЗАПОЧНА АКАДЕМИК РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БЕЛГРАД — „Управување со правни ризици“

Понеделник, 19 мај 2014 – Над 300 учесници од целиот регион пристигнаа на втората Регионална правна конференција на тема „Управување со правни ризици“, која денеска во организација на АКАДЕМИК се одржува во хотелот „Хајат“ во Белград.

Адвокати, економисти, високи претставници од српското правосудство, практичари и теоретичари, универзитетски професори, членови на академската заедница, како и студенти по право денеска се дел од втората Регионална правна конференција: „Управување со правни ризици“.

Настанот со поздравен говор го отворија Георги Димитров, управувачки пратнер во „Георги Димитров адвокати“ и претседателот на Адвокатската комора на Србија, Драгољуб Ѓорѓевиќ.

Помошникот на министерот за правда на Србија Чедомир Бацковиќ искажа особено задоволство што ваков настан се организира во неговата земја, особено во време што регионот се наоѓа пред идни политички правни предизвици посочувајќи дека само преку вакви конференции може да се постигнат целите на правната државаи во ЕУ интеграциите.

Збор во продолжение ќе земат меѓународни и домашни експерти од разни домени на управувањето со правните ризици. Тие низ дискусија и практичен приказ ќе го пренесат своето искуство во врска со начините на предвидување и управување ризик во граѓанското, корпоративното, кривичното и во други области на правото.

Дел од средствата oд котизацијата за учество на Конференцијата, АКАДЕМИК одлучи да ги донира на најзагрозените од поплавите кои ја зафатија Србија.