/ Прочитано:

4.110

(ФОТО) Доделени уверенијата на идните судии и јавни обвинители

Денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, се одржа свечена церемонија по повод доделувањето на уверенијата на петтата генерација на кандидатите за судии и јавни обвинители.

akad 2

Свечената церемонија се одржа во присуство на претставници на правосудството во Република Македонија, како и во присуство на претставниците на странските партнери со кои соработува Академијата за судии и јавни обвинители.

akad 2

Со свој поздравен говор церемонијата ја отвори директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска, која истакна дека оваа генерација е првата која ги исполнила новите построги критериуми за влез во почетната обука кои се однесуваат на висок просек од правните редовни и постдипломски студии, поседувањето меѓународен сертификат за англиски јазик и положени меѓународните психолошки тестови и тест на интегритет.

akad 2

На идните судии и јавни обвинители им се обратија  и Бранко Ушковски, претседател на Судскиот совет на Република Македонија и Петар Аневски, претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Тие на идните судии и обвинители им порачаа да го зачуваат својот углед преку почитување на Уставот, прописите и меѓународните договори.

akad 2

Не свечениот настан, Вероника Станоевска доби признание за првенец на генерација со најдобри резултати.

akad 2

akad 2akad 2akad 2

akad 2

akad 2

akad 2

akad 2

akad 2

М.В / veljanoskim@akademik.mk