/ Прочитано:

1.585

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ: Сатирата како израз на слободата

„Kаде и да си, за Василица во Вевчани да си“, велат Вевчанци. Токму на овој ден во чест на свети Василиј, се одржува Вевчанскиот карневал, настан што се случува само еднаш во годината и што го слави доаѓањето на Новата година, според стариот календар, и што е спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава.

Карневал со 14-вековна традиција

Карневалот според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Вевчанскиот карневал секоја година се организира на 13 и 14 јануари.

Карневалот завршува на 14 јануари со василичарското оро и со палење на маските во центарот на Вевчани. Главни карактеристики на карневалот се: архаичноста, таинственоста и импровизацијата. По своите специфични особини се разликува од сите други карневали во светот. Местото на карневалското случување е цело Вевчани, кое, за време на одржување на карневалот се претвора во, како што велат Вевчанци, своевиден театар без граници каде што секоја куќа, улица е сцена на која маскираните ги изведуваат своите игри како вистински актери.

Напушти го комфорот на очекуваното и дојди, имаме пасоши за сите!“

„Ова е настан на кој му се восхитуваат илјадници странски посетители секоја година збогатен со неговата културна и историска вредност“, велат од Општина Вевчани, потсетувајќи дека во 1993 година Вевчанскиот карневал стана член на ФЦЦ – Асоцијацијата на светските карневалски градови.

Вевчанци денес се гордеат со традицијата на најголемиот европски фестивал на сатирата, извикувајќи:  „Напушти го комфорот на очекуваното и дојди, имаме пасоши за сите!“

Потреба на човекот да биде неограничено слободен

Во историски и општествено-културолошки контекст значењето на Вевчанскиот карневал е единствено и извонредно, посочуваат проучувачите на народната култура. Проф. д-р Марко Китевски од Институтот за македонска литература вели дека учеството во василичарските игри и во минатото и денес претставува потреба на човекот да биде неограничено слободен, а истражувачот и вевчански хроничар Илија Каланоски посочува дека со маските на специфичен начин се одбележуваат и се исмејуваат најзначајните случувања во годината што изминува. Ви пренесуваме дел од тие случувања:

Милчо Велјаноски / veljanoskim@akademik.mk Фото: Наќе Батев 13.1.2015