/ Прочитано:

1.698

(ФОТО) „ПУЧ“: Судењето одложено за март – Јанева побара дополнителен увид во доказите

Судењето за случајот „Пуч“, каде четвртообвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева и денеска се одложи. Ново рочиште е закажано за 2 март.

PUC KATICA JANEVA I LENCE RISTOSKAЈанева која денеска се појави во судница заедно со обвинителката Ленче Ристоска, предложи одлагање на рочиштето за еден месец со цел да направат увид во доказите кои се наоѓаат во судот.

„Во мое име и во име на Специјалното јавно обвинителство бараме денешната расправа да биде одложена на подолг временски период, бидејќи се’ уште не е завршен увидот во доказите. Доколку е возможно го замолуваме судот да ни ги достави докази, во спротивно да ни обезбеди просторија со соодветни услови каде би можеле да го вршиме увидот“, истакна Јанева.

Судијката Љубинка Башевска  укажа дека доказите не можат да бидат предадени на странките во владение, како и тоа дека вакво барање специјалното обвинителство упатило уште на минатото рочиште, односно 29 јануари и дека просторија им е веќе обезбедена, како и тоа дека увидот веќе почнал. Бидејќи одбраната не се противеше на предлогот на обвинителството, судот донесе решение со кое се одобрува барањето и го одложи судењето за 2 март.

Јанева: Ова е нова практика на Кривичниот суд

По одложувањето на рочиштето, во изјава за новинарите, Јанева оцени дека тоа што ќе вршат увид во судот на докази кои всушност ги доставило Јавното обвинителство е нова практика на Кривичниот суд.

PUC
„Претходно, бидејќи и јас сум била обвинител и обвинителката Ристоска и другите обвинители во мојот тим, ни ги доставувале предметите во нашите матични обвинителства да вршиме увид во нашите простории. Логично е, тие докази Јавното обвинителство ги достави до Судот и согласно новиот Закон за кривична постапка треба тие докази да бидат кај нас и затоа е нашето барање доказите да ни ги достават. Но, бидејќи судот тоа не го задоволува еве ние го почитуваме судот и ќе дојдеме тука“, рече Јанева

Според Јанева, за причината зошто не им се доставуваат доказите треба да се праша Судот.

„Мислам дека по новиот ЗКП треба доказите да стојат кај јавниот обвинител. Сепак, ние ќе постапуваме како што ќе каже судот“, потенцираше таа.
PUC SPECIJALNO OBVINITELSTVO KATICA JANEVA

Во однос на другите предмети врз кои Специјалното обвинителство воспостави стварна надлежност, Јанева посочи дека ќе се почитува рокот и до 15 март ќе бидат донесени јавно обвинителските одлуки.  Таа исто така наведе дека вечерва со тимот ќе имаат колегиум, по што во текот на на утрешниот ден јавноста преку соопштение ќе биде известена за работите кои периодов ги сработило Специјалното обвинителство.

Заев: 2016 ќе биде година на правдата

Според Заев, 2016 година ќе биде година на правдата. Во однос на одложувањето на рочиштето рече дека е логична.
PUC ZAEV VERUSEVSKI

„Одлуката е логична поради тоа што материјалите од судот не се предадени до Специјалното јавно обвинителство и ќе мора тие да доаѓаат постојано во судот и да ги гледаат доказите од „Пуч“. Јас ја имав таа прилика уште  во Јавното обвинителство кога беа доказите да увидам дека заради нивната обемност е логично дека е потребно толку време за да се направи увид“, рече Заев.

Покрај Заев  во „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, како и еден вработен во општина Струмица и еден во МВР.  Од неодамна сите обвинети се бранат од слобода.

Во предметот има и една спогодбена пресуда против вработениот во МВР, Звонко Костовски.

(ФОТО) „ПУЧ“: Заев се појави во судница, но главната расправа се одложи по барање на Специјалното обвинителство

>> Кривичниот совет одлучи да им се укине притворот на Верушевски и Лазаревски