/ Прочитано:

9.290

(ФОТО) Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ ја украсија елката со новогодишни желби

akad 2

Како и секоја година, традиционално и оваа година студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ преку своите новогодишни пораки ги истакнуваат своите желби за во новата година, на кои можат да се прочитаат интересни, хумористични и сатирични пораки. Дел од нив се:

„Да нè окупира Камбоџа.“

„Оваа година нема да има Нова година.“

akad 2

„Зоран Заев“

„Никола те сакам колку што сакам да дипломирам.“

akad 2

„Да положам со десетка кај Астеруд.“

„Сакам да нè однесат на пракса во КПД Идризово.“

akad 2

„Да ги положам испитите и да го запознаам дечкото што го меркам две години.“

„Да се самораспушти СПУКМ.“

akad 2

„Сара да ги положи испитите.“

„Да го завршам што побрзо овој факултет. Душата ни ја извадија тука.“

akad 2„Да ги положам сите испити од VII семестар.“

„Да се врати Мујоска за асистент.“

akad 2

„Дедо Мраз на Правниот факултет да донесе убави мажи.“

„Во новата година сакам да си фатам дечко.“

akad 2

„Да ги положам сите испити, макар и со 6-ка.“

„Да положам Политички теории со 10-ка.“

akad 2

 M.В