/ Прочитано:

7.123

Фотогалерија од свеченото доделување на лиценци за адвокати во септемвриската сесија од 2017 година

Триесет нови адвокати се здобија со лиценци за вршење на адвокатската дејност. Лиценците на новите адвокати им ги додели претседателот на Адвокатската комора, адвокатот Никола Додевски, посакувајќи им на своите колеги успех во работата во која ќе бидат достоинствени, препознатливи и храбри.

На свечената церемонија, новите адвокати дадоа свечена заклетва дека адвокатската дејност ќе ја вршат совесно и законски и дека ќе се придржуваат на Уставот, законодавството, меѓународните договори и актите на Адвокатската комора.

„Се колнам дека должноста адвокат ќе ја вршам совесно, ќе се придржувам на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот на Комората, Кодексот на адвокатската етика и дека со сите свои постапки ќе внимавам на угледот на адвокатурата како јавна служба”, гласи свечената адвокатска заклетва.

 

М.В