/ Прочитано:

933

Франција најави нов „Зелен данок“ за заштита на животната средина

Петок, 23 август 2013 – Францускиот министер за енергетика, Филип Мартин најави нов таканарен „Зелен данок“, но не наведе повеќе детали. Според првичните медиумски сознанија, данокот најверојатно ќе биде ограничен,  во првата година, наредната 2014 година, воопшто нема да влијае врз француските потрошувачи и компании.

Вчера, Владата на Франција донела одлука таканаречена „климатски енергетски допринос“. Според оваа владина одлука, Французите ќе плаќаат „Зелен данок“, а средствата ќе се слеваат во  буџетот наменет за заштита на животната средина. 

Уставниот суд во 2009 година го блокираше обидот на поранешниот француски претседател, Никола Cаркози, да воведе данок на јаглен. Данокот требаше да изнесува 17 евра по метрички тон емитиран јаглен диоксид и да се зголеми со текот на времето, што конечно би резултирало со поскапо гориво, греење и производство.

Актуелниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, најверојатно сака да ги увери членовите на Владата од редовите на коалициските партнери „Зелените“ дека не се откажал од политиката за заштита на животната средина иако неодамна беше променет министерот за животна средина, пишуваат француските медиуми.