/ Прочитано:

858

(ГАЛЕРИЈА) „ФИЛТЕР“ ВО СУДНИЦА: Граничниот полицаец изрази жалење за извршеното кривично дело

Понеделник, 18 ноември 2013 / 12:43 – Стартуваше судскиот процес за случајот „Филтер“, кој се води против 18 лица обвинети за организираното криумчарење на цигари.  Во тек е давање одбрана на обвинетите. Досега само еден од обвинетите, граничниот полицаец, како и во претходната постапка и денеска во судот ја призна вината. Тој наведе дека постапил непромислено, а во истрага напоменал и дека му било познато како дел од обвинетите илегално пренесувале цигари од Косово во Македонија, за потоа да ги прошверцуваат во Бугарија. Како, што раскажа, неговата улога била дека да пријавува полциски патроли на границата со Бугарија. Останатите обвинети, кои досега дадоа обрана, тврдат дека се невини и дека работат како трговц, јавува репортерот на Академик.мк, кој го следи судењето. Според обвинителниот акт, обвинетите во текот на три години, во петнаесетина наврати, пренеле 3 милиони парчиња цигари во вредност од околу 8 милиони денари. 

>> СУДЕЊЕ „Филтер“: Стартува процесот против 17-члената група обвинета за криумчарење на цигари