/ Прочитано:

1.362

(ГАЛЕРИЈА) ЗАСЛУЖЕНО ДО ЕВРОПСКИ БРЕНД ЗА СОВРЕМЕНОТО СВЕТСКО ПРАВО — огромен аплауз за Академик Конференцијата за правни ризици

Среда, 22 октомври 2014 – Академик Конфренциите се вградуваат во македонската и светската правна реалност како инспиративен простор преку кој се етаблира модерното право и проучувањето на правните ризици како современ тренд, адвокатска практика и деловна филозофија. Со таков имиџ на врвна креативност и иницијативност, денеска АКАДЕМИК успешно заокружи уште една своја поставена цел, правејќи Македонија овие два дена да биде центар на светската правна мисла. Восхит, силни импресии, пријатна изненаденост од врвната организација, собир кој добива одлика на европски бренд за менаџирањето со правни ризици, се само дел од впечатоците и зборовите на реномираните светски адвокати, правни експерти и учесници на Академик Конференцијата.

На почетокот од вториот ден на Академик Конференцијата за управување со правни ризици, Magnus Steen, поранешниот главен правник на Сони во Шведска, говореше за структурата на  договорите и нивното значење во поглед на правните ризици. Ценетиот експерт на прецизен начин се осврна на прашањето за управувањето со квалитетот, вредноста, адекватноста и ефикасноста на договорите со користење на алатки за управување со правни ризици.

Извонредната адвокатката чија што специјалност се меѓународните арбитражи и деловно право, Vanessa Alarcon од женевската канцеларија на Winston & Strawn, имаше презентација за управување со ризиците во договорите за франшиза. Познатата адвокатка се фокусираше кон системот на франшиза, трговските марки, плаќањата, доверливоста и нивната поврзаност со правните ризици, посочувајќи го и ризикот на репутацијата кој во современото право, како што подвлече, е ризик кој е од иманентно значење за деловните субјекти и модерни компании. Таа своето излагање го искажа низ презентација на компаративни примери и од правната и судската пракса, притa акцентирајќи ја важноста на избегнувањето на судските постапки како многу битен дел во феноменологијата на правните ризици.

„Да се прочита добро, да се побара правен совет, да се квалифицираат точките кои генерираат правен ризик, се суштинските и почетните компоненти“, посочи позната адвокатка Vanessa Alarcon, жена која важи за еден од подобрите светски познавачи на арбитражното и деловното право.

Главната акционерка на Prva Group од Словенија, Аленка Жнидаршиќ Крањц, говореше за пазарите на пензиските фондови во регионот, осврнувајќи се и на нејзината улога и искуства во доменот на пензиските фондови. Крањц како еден од најистакнатите стручњаци во Европа за оваа област, имаше мошне интересна дискусија која одеше во насока на анализа на правните ризици со кои се соочуваат компаниите во однос на законодавството, односно на генерирањето на конфликтност помеѓу деловниот амбиент и честата промена на законите, кое, како што подвлече, нема издржана правна, ниту економска логика. Во таа насока посебно го посочи, како што рече, проблемот со Македонија, каде има пречеста промена која носи неповолности и проблем во оперативното и деловното функционирање.

„Генерално, пречестата промена на законите, секогаш доведува до проблеми во работата бидејќи не обезбедува сигурност“, подвлече Крањц која своето предавање го структуираше и низ анализа на состојбите на балканскиот деловен амбиент, со поглед кон Србија, Романија, Македонија, Косово.

Универзитетскиот професор и еден од најпрестижните светски експерти за правни ризици, д-р Tobias Mahler од Правниот факултет во Осло, приопшти интересна презентација за управувањето и визуелизацијата на договорните ризици. Професорот низ своето излагање се концентрираше на идентификацијата, анализата, евалуацијата и третманот на правните ризици, посочувајќи и анализирајќи ја категоризацијата на високиот и низок ризик. Ефектите, правните норми, значањето на детално утврдените параметри на правниот ризик, разликата од сознанијата на фактите кои сугерираат правен ризик, како и правната сигурност беа сегментите кое беа предмет на елаборација на експертот Mahler. На голем интерес на присутните, професорот низ корисни визулени екпспликации  и илустрации го објасни концептот на правните ризици, притоа користејќи и примери од праксата кои може да се појават, а се од технолошката сфера.

Еминентниот италијански правник и директор на правниот сектор во италијанскиот енергетски гигант Edison Spa, Marco Lorefice, зборуваше за успешната арбитражна постапка која ја промени светската пракса за одредување на цената на природниот гас. Италијанскиот правник во својот елаборативен говор на методичен начин ги објасни пазаните фактори во одредувањето на цената на гасот, контрактуелните контексти и правните ризици поврзани со ликвидноста и неликвидноста, јазикот во договорите како индикатор, како и аспектите  и арбитражната постапка, која, како што илустрираше правникот, понекогаш подразбира како да „влегувате во казино, каде се добива или губи“. Тој го резимираше своето излагање со совети кон правниците во однос на склучувањето на на договорите како потребата од избегнување од користењето на потенцијални аргументи кои не се докажани и употребувањето на работи кои може да се употребат против интересите на компанијата.

Последен говорник на Конференцијата беше извонредниот косовски адвокат Dastid Pallaska, кој важи за надобар корпоративен адвокат во Косово. Паласка во својата тема на дискусија ги анализираше правните и политичките ризици во смисла на уставната поставеност на косовскиот Уставен суд,  објаснувајќи ја косовската политичка состојба од правна гледна точка. Паласка покрај тоа што е корпоративен адвокат, своето импресивно образование го има стекнато во САД каде ја студирал и уставноправната материја, нешто што подоцна, како што рече, ќе му „обезбеди повик да ја среди работата со Уставниот суд“. Адвокатот го анализираше косовскиот Устав, изборот на Пацоли за претседател и неговото „уставносудско повлекување“, но се произнесе и со пошироко правно објаснување на уставната материја.

„Уставот се содава за граѓаните и тој не е интепресонален акт. Јас водев своја битка за некои недоследности, но тешко е да аргументираш со мнозинството. На крајот предложив уставните измени да се пишуваат во комичен стрип“, резимираше духовито адвокатот, чие интересно и духовито отсликување на косовската правно-политичка ситуација, одлично го заокружи серијалот на предавања на Конференцијата кои беа поздравени со огромен аплауз од учесниците и апел за што поскоро да бидат дел од место каде ќе можат да ги слушнат најзначајните правнички имиња на денешницата.

Адвокатот Георги Димитров, чија иновативна визија е благодарна за овие исклучителни конференции, кои спаѓаат во редот на најзначајни меѓународни правни настани во Македонија, со завршен говор и резиме за Конференцијата се обрати до присутниот аудиториум и реномираните предавачи, искажувајќи благодарност дека сите заедно се учесници во настан кој значи многу за современото и модерното право и чија функција е да ги сплоти почитувачите и чинителите на правната мисла во континуитет, а кој не само што ќе биде инкорпориран како тренд во професијата, туку ќе биде и пледоаје за иднината на правото. Тој искажа благодарност за огромниот интерес за Конференцијата, и, како што најави на вчерашниот ден, Академик Конференцијата веќе в пролет, ќе ја продолжи својата мисија во босфорскиот културолошки спој  – Истанбул.

Впрочем, импресиите од Академик Конференцијата најдобро може да се пренесат од самите учесници кои не го криеја своето задоволство и одлични впечатоци од, како што го нарекоа, „Најдобриот настан за правото во Македонија“.

УЧЕСНИЦИТЕ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

– Втора година по ред во Скопје се одржува конференцијата, втора година по ред адвокатското друштво „Даути и Симјановски“ е присутно.  Се здобиваме со нови, интересни знаења, кои се надевам ќе бидат применливи. Сметам дека Македонија треба да ги следи глаблните текови во правото. Навистина сме благодарни на АКАДЕМИК што ни’ овозможува едно вакво задоволство. –  Александар Симјановски, управувачки партнер во адвокатско друштво „Даути и Симјановски“

– Материјата е многу чувствителна. За жал во нашата држава се’ уште немаме  ниво на свест развиено дека од правните ризици зависи и успешноста на бизнисот, а и пропаѓањето на многу фирми е резултата на неизвршена анализа на овие правни ризици. Сметам дека во иднина, посебно после Конференцијата на АКАДЕМИК, која беше посетена во голем број, ќе се постават правните ризици на нивното вистинско место. – Весна Доброхотова, советник во Македонска навигација М-НАВ

– Сметам дека станува збор за многу интересна Конференција која втор пат се случува во Скопје. Бев скептичен во однос на тоа дали може да се повтори успехот од минатата година, гледам дека не само што се повторува, туку е проширена и подобрена. Ми се допаѓа енергијата од на присутните и се разбира квалитетот на гостите мислам дека е на ниво. – Јанко Тренковски, директор на КБ Прво пензиско друштво

– Најпрвин би сакала да ви честитам на организацијата. Коцептот и идејата се прекрасни, одушевена сум. Првин мислев дали да дојдам или не, но воопшто не се каам што дојдов. Содржината ми се допаѓаше. Интересно е да се чујат работи кои се далечни за нас и кои тешко се имплементираат тука. Добро е да имаме сознанија за она што се прави во светот. Секоја чест! – Дори Кимова,  партнер и основач на адвокатска канцеларија „Кимова“.

– Конференцијата навистина е одлична. Одлична комбинација на предавачи, кои имаат и теоретско и практично искуство и од регионот и од пошироко. Сметам дека станува збор за Конференција, која не само на нас правниците туку и пошироко ни’ дава повеќе податоци околу „Legal risk management“, тема која очигледно е важна и популарна, но за која малку знаеме. – Александар Шахов, директор на проектот на УСАИД  „ИДЕАС“

– И лани бев и лани Конференцијата беше одлична. АКАДЕМИК со  годинешната Конференција на еден начин се надминува себе. Презадоволни сме, а понатаму и праксата ќе покаже. – Силвана Ончева, даночен инспектор во Општина Велес

– Мојот впечаток е дека Конференцијата носи нов квалитет во третманот на правната проблематика во Македонија и тоа е за поздравување. Фактот што се одржува втора година и не е паднат квалитетот зборува за сериозниот пристап на организаторите. –  Илијанчо Гаговски, основач и генерален директор PrymApps – Скопје

– Одлично организирано, одлични предавачи, се’ е на нивo! – Валентина Лазарова, адвокат од Куманово

– Организацијата е на највисоко ниво. Еминентни предавачи – со големо искуство од теорија и пракса. – Николова Билјана, правник во Макпетрол

– Конференцијата е одлична, научивме многу работи. Пофални зборови имам и за организацијата. – Маријана Станинова, студент на Правен факултет „Јустинијан први“

– Сите предавања беа интересни, но прашање е колку се апликативни во македонски услови. Сепак, би истакнала дека слушнавме многу интересни начини на размислување кои сигурно би ни’ помогнале методолошки во работата. – Елена Тримческа, правник во АД Алкалоид 

– Навистина сум воодушевена и од минатогодишната коонференција и од оваа, премногу добра организација, варијации на теми… Можеби малку се недостижни презентациите во однос на она што ние го имаме досега, меѓутоа со тој нов софтвер кој планира да се востанови за да се утврдат ризиците, мислам дека ќе ни’ ги разрешат сите дилеми. Инаку навистина предавачите се извонредни во својата дејност. На вас можам да ви порачам само да продолжите со исто темпо. – Стефана Мишевска, раководител на Служба за присилна наплата во НЛБ Тутунска банка.

– Задоволни сме многу. Убаво организрана Конференција, има многу звучни имиња од кои има што да се научи и примени во пракса. Честитки до организаторите АКАДЕМИК и колегата Георги Димитров. – Кристина Ангеловска, правник во ГОФИ ДООЕЛ 

– За мене, како дел од државната администрација покорисен беше вчерашниот ден, односно ризиците во државна администрација презентирани од генералниот секретар во Министертвото за Правда, г-динот Патрик Везина. Многу беше интересно и предавањето на Тома Фила кој има многу искуство. Задоволна сум од Конференцијата и се надевамм дека ќе продложи традицијата, убаво е кога се среќаваме на едно место. – Фани Коровешовска, раководител на Одделение за правни анализи и истражувања во Парламентарен иннститут – Собрание на РМ.