/ Прочитано:

677

Герхард Ројс: Изградбата на „Јужен тек“ ќе продолжи и покрај тензиите меѓу Западот и Русија

Понеделник, 11 август 2014 – Противењето меѓу Западот и Русија поради Украина нема да ја сопре планираната изградба на гасоводот „Јужен тек“, изјави за  „Фајненшал тајмс“, шефот на австриската нафтена компанија ОМВ, Герхард Ројс.

„Гасоводот е проект за 50 години, па затоа треба реално да се гледа на работите. Клиентите го очекуваат гасните испораки. Поради оваа причина јас не гледам можности да се наметнат санкции“, појаснил бизнисменот.

Ројс истакнал дека Русија по гасоводот Опал веќе доставува 36 милијарди кубни метри гас, кој минува низ Германија, поврзувајќи го гасоводот „Северен тек“ со постоечките мрежи на природен гас.

 Според менаџерот на ОМВ, зголемувањето на правците на снабдување на гас во Европа е поволно за енергетската безбедност. „Четири гасоводи се подобри од три, а пет – подобри од четири. Ова е прагматична гледна точка”, истакнал. На 24 јуни „Газпром“ и ОМВ потпишаа договор со кој се утврдуваат принципите на работата на изградбата на „Јужен тек“ во Австрија и неговото натамошно користење.