/Прочитано:

8.679

Гордана Силјановска и Димитар Гелев – најинспиративни професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Според студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“, најинспиративни професори од овој факултет се професорите Димитар Гелев и Гордана Силјановска-Давкова.

akademik foto

Податоците од истражувањето на Факултети.мк спроведено на повеќе факултети во рамките на УКИМ, помеѓу кои и на Правниот факултет „Јустинијан Први“, говорат дека според студентите од најстариот правен факултет во земјава професорот Гелев е одличен предавач и вистински научник, а професорката Гордана Силјановска е професионална, објективна и пријателски расположена.

Професорот Димитар Гелев, коментираат студентите, е вистински научник, професионалец и најдобар човек, кој во секое време им дава книги и материјали на своите студенти. Секоја негова постапка, нагласуваат студентите, е инспиративна и тој ни помага за сè без причина. За ваквите постапки на професорот, анкетираните студентите искажуваат голема благодарност.

akad 4

Студентите велат дека најфасцинантно кај професорката Силјановска што на предавањата, покрај програмата што е задолжителна од учебниците, внесува и многу други теми, како историски така и актуелни. На испитите што се полагаат кај неа, посочуваат студентите, никогаш не бара точно раскажани реченици од точка до точка, туку поставува прашања со кои би можеле да ги искажеме сопствените ставови на одредена тема. Таа никогаш, истакнуваат анкетираните студенти, не ја намалува оценката само затоа што студентот размислува на различен начин од неа.

???

За најинспиративните професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“ пак токму студените се инспирацијата. Како што вели професорот Гелев, студентите несомнено се најпрогресивната сила во општеството.  Во интервју за Академик, професорот Димитар Гелев нагласи дека секој студентски бунт е крик на општеството. Студентите, подвлече професорот, треба да се практични и да бараат конкретни работи, кои чекор по чекор, со текот на времето, ќе добијат на квалитет.

„Студените се нашата енергија“, истакна во интервју за Академик и проф. д-р Гордана Силјановска, нагласувајќи дека за секој професор најважни треба да бидат студентите. Јас како професор, подвлекува Силјановска,  од нив ја добивам својата енергија.

akademik foto 1

„Кога влегувам во предавална, не можам да останам рамнодушна на таа енергија. Таа младост е инспирација за мене како личност и затоа секогаш ќе бидам со студентите и на предавањата, но и кога треба да одиме заедно на протести. Горда сум на студентите“, нагласува професорката Гордана Силјановска.

„Студентските бунтови се крик на општеството“ – ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР ГЕЛЕВ

„Горда сум на студентите! Тие се нашата енергија“ – проф. д-р Гордана Силјановска, рамо до рамо со студентите на протести

М.В