/ Прочитано:

1.402

Ѓорге Иванов одлучи: Со задоволство ја прифаќам иницијативата за мое кандидирање за претседател на РМ

Вторник, 25 февруари 2014 – Претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука да ја прифати иницијативата за негово кандидирање за втор мандат како претседател на државата.

„Со чест и задоволство сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за претседател на РМ и дека ќе ја поднесам мојата кандидатура на конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Македонија“, изјави претседателот  Иванов во врска со прифаќањето на иницијативата.

Понатаму, тој изрази уверување дека заедно со сите граѓани на Македонија без разлика на верските и национални определби ќе носи мудри одлуки како што тоа го правел и до сега.