/ Прочитано:

741

Градоначалниците на Виница и Кочани пуштени дома: Пронајдената муниција била на нивни пријател

Четвток, 5 декември 2013 – Градоначалниците на Кочани и на Виница, Ратко Димитровски и Емил Дончев тврдат дека муницијата што бугарската полиција ја пронајде синоќа во нивното возило при контрола на граничкиот премин кај Делчево е на нивни пријател, пишува бугарската агенција „Фокус“. 

Бугарски и македонски медиуми изутринава објавија дека синоќа бугарската полиција привела двајца македонски државјани, градоначалниците на Кочани и Виница, поради наводно недозволено пренесување 20 парчиња ловечка муниција и 100 куршуми за малокалибарско оружје.

„Вештачки е создадена фама за недозволено пренесување муниција бидејќи инцидентот не соодветствува со реалната ситуација. Имено при рутинска контрола  на возилото со кое патуваваме кон Македонија бугарската полиција ја забележа муницијата која се наоѓаше во касетата на истото возило. Истата е сопственост на бугарски државјанин, наш пријател со кој поминавме неколку часа. Мора тој да ги заборавил во касетата бидејки куршумите не беа скриени. Бугарската полиција го испита случајот и не распраша како сведоци во делото против нивниот државјанин за потеклото на муницијата. Потоа не пуштија да си заминеме во нашата држава“, објаснуваат Димитровски и Дончев.

Дончев и Димитровски ноќеска се враќале од форумот „Бизнис без граници“, кој се одржа во Благоевград,

Од МНР изутринава информираа дека се во контакт со Македонската амбасада во Софија, но не добиле никаква официјална потврда за случајов.