/ Прочитано:

828

Инцидент во Собранието: Ребалансот на Буџетот „пресметан“ со физичка пресметка

Вторник, 26 август 2014 – Пратениците на ДПА и ДУИ физички се пресметаа на Комисијата за финансии и буџет. Собранискиот канал го прекина преносот откако по говорот на пратеникот на ДПА се виде како двајца пратеници Талат Џафери и Орхан Ибраими се борат на подот на салата.

Според информациите, до инцидентот наводно дошло откако Џафери на говорница го изнесувал својот став во однос на законските измени, Ибраими револтирано реагирал и веднаш потоа започна физичката пресметка.

Ова е продолжение на вчерашната жестока дебата за ребалансот на буџетот. ДПА ја обвинува ДУИ дека нема никакво влијание во коалицијата и дека не се грижи за потребите на Албанците.