/ Прочитано:

6.491

ИВАНОВ ПОМИЛУВАШЕ 54 ЛИЦА ЗА НОВА ГОДИНА: Ексдиректорот на „ЕСМ“ и сопственичката на „Фиком“ помеѓу помилуваните

По повод Нова година, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов помилуваше осудени лица.

???

Според Одлуката на Претседателот, од натамошно извршување на казната затвор делумно се ослободуваат 54 осудени лица. Меѓу нив се имињата на поранешниот директор на ЕСМ Панде Лазаров, кој беше осуден на петгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба, потоа Ѓорѓи Топаловски, кој беше осуден на осум години затвор за убиството што го извршил во 2007 година кај Зоолошката градина во Скопје, Весна Николиќ, која беше осудена на 10 години за аферата „Фиком“,  Мариче Пецова, која со првостепената пресуда беше осудена на 11 години затвор за случајот „Керозин“, Флорим Малоку од Косово, осуден на осум години казна затвор за грабеж на Прокредит банка, како и Столе Трпевски кој за случајот „Детонатор“ беше осуден на казна затвор од една година и три месеци.

akademik..

 

Во Одлуката, Претседателот се повикува на членот 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија, во кој се пропишува дека Претседателот дава помилување во согласност со закон, и на членот 1 од Законот за помилување, во кој се пропишува дека Претседателот на Република Македонија дава помилување на поименично определени лица за кривични дела предвидени со закони на Република Македонија, во согласност со одредбите на Кривичниот закон и одредбите од Законот за помилување.

Одлуката во целост:

„Врз основа на член 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/91 и 91/2001), согласно член 1 од Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/93 и бр. 99/16), Претседателот на Република Македонија донесе

О Д Л У К А ЗА ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИ ЛИЦА ПО ПОВОД

НОВАТА 2017 ГОДИНА

 I

Делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор осудените лица:

  1. ЗОРАН НАСТЕ ЗДРАВКОВСКИ од Скопје, вo траење од 3 месеци
  1. БЕРАТ ЈАКУП ЈАКУПИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. БЕКИМ ЗЕКИРИЈА ЈАХИЈА од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. ПАНДЕ НИКОЛА ЛАЗАРОВ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. СИНИША ДАНЕ СПАСИЌ од с.Иванковци, во траење од 3 месеци
  1. ИЛИЈА ЉУПЧО НАСТОВ од Кавадарци, во траење од 6 месеци
  1. САШО МОМЧИЛО СТОИЛКОВСКИ од Скопје, во траење од 3 месеци
  1. ЕНИС АКИФ ЏАФЕРОВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. АЛЕКСАНДАР РАДЕ ДИМИТРОВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. ИСНИ САДИК ЈАКУПИ од с.Паничари, Скопје, во траење од 6 месеци
  1. ИЛЧО ЉУПЧО СПАСЕНОВСКИ од с.Глоѓи, Тетово, во траење од 6 месеци
  1. ЗЛАТКО ДИМИТРИЈА ЃЕРАСИМОВСКИ од Скопје, во траење од 4 месеци
  1. МАРИЧЕ НИКОЛА ПЕЦОВА од Неготино, во траење од 6 месеци
  1. ВЕСНА СЛАВКО СТАЛЕВСКА НИКОЛИЌ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. МИРЈАНА ИЛИЈА РИСТЕСКА ТРАЈКОВА од Охрид, во траење од 6 месеци
  1. ВАЛЕНТИНА ЗЕФ МЕСУЛИ од Тетово, во траење од 3 месеци
  1. АХМЕТ АРИФ АРИФИ од с.Копаница, Скопје, во траење од 6 месеци
  1. БУРХАН ЌАНИ ТУША од с.Блаце, во траење од 6 месеци
  1. СЕФЕДИН ВЕБИ РАМАДАНИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. САБИТ МУАМЕТ ДУРАКУ од с.Рашче, Скопје, во траење од 3 месеци
  1. ОЛИВЕР БРАНКО СТАНКОВСКИ од Куманово, во траење од 4 месеци
  1. ЏЕМАЛ ФАДИЉ МЈАКИ од Скопје, во траење од 3 месеци
  1. ЗЛАТКО БЛАГОЈА РИСТЕСКИ од Прилеп, во траење од 6 месеци
  1. ИРФАН АБДУЛБАРИ ИДРИЗИ од с.Џепчиште, Тетово, во траење од 6 месеци
  1. НУХИЈА СЕЛАМ ЏЕМАЉЕДИН од Тетово, во траење од 6 месеци
  1. НУРЕДИН ЏАФЕР НУРЕДИНИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. СЛАВЧО ЛУЈЗА МИШКОВ од Велес, во траење од 6 месеци
  1. ДЕМИР ФАЗЛИ МЕМЕД од Скопје, во траење од 1 година
  1. ФЛОРИМ МУСЛИ МАЛОКУ од Приштина, Република Косово, во траење од 1 година
  1. ЃОРЃИ ВАСИЛ ТОПАЛОВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. БЛАГОЈ ЈОВАН КОЦЕВ од с.Пиперево, Струмица, во траење од 3 месеци
  1. САШКО МИРКО НИКОЛОВСКИ од с.Драмче, Делчево, во траење од 3 месеци
  1. ПЕТРЕ БОРИС ВАСКОВ од Штип, во траење од 6 месеци
  1. АЛЕКСАНДАР ВАНГЕЛ ДЕРЕБАНОВ од Охрид, во траење од 2 месеци
  1. МЕДИН АСТРИТ КАБА од с.Велешта, во траење од 3 месеци
  1. ИГОР СЛОБОДАН ЛАЗАРЕСКИ од Струга, во траење од 3 месеци
  1. НИКОЛА РИСТО ЛАЗАРЕВСКИ од Битола, во траење од 3 месеци
  1. ВАСИЛ ВЛАДО ЛАЗАРОВ од с.Прдејци, во траење од 3 месеци
  1. МИОДРАГ ВОЈО ПЕТРУШЕВСКИ од Куманово, во траење од 3 месеци
  1. АВДУЛА ЕСАТ АЗИЗИ од Куманово, во траење од 3 месеци
  1. АЛИ ФАЗЛИ КАДРИЈА од с.Никуштак, во траење од 3 месеци
  1. ЈАШАР ЕДИС БЕЈРАТ од Штип, во траење од 3 месеци
  1. ЕНЕС ЌЕНАН САБЕДИН од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. РИСТО СТОЈАН ТИМОВ од Прилеп, во траење од 6 месеци
  1. ЉУБИША ПЕТАР ТАСЕВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. ЕЛВИР АВДУЛА РИЗВАНОВИЌ од Скопје, во траење од 3 месеци
  1. ЉУБОМИР ДАНЕ СЛАВЕВСКИ од Скопје, во траење од 6 месеци
  1. КОСТАДИН НИКОЛА ДУЛЕВ од Струмица, во траење од 3 месеци
  1. СТОЛЕ ВАНЧО ТРПЕВСКИ од Кочани, во траење од 3 месеци
  1. ЛОКМАН БАСТРИ ЗЕЌИРИ од с.Пирок, во траење од 6 месеци
  1. ЉАТИФ АВДИЉ АЉИМИ од Ново Село, Тетово, во траење од 6 месеци
  1. АЗИЗ РАХМАН АЗИЗИ од с.Падалиште, Гостивар, во траење од 6 месеци
  1. ХАРУН САМЕТ СЕЈДИ од с.Џепчиште, во траење од 3 месеци
  1. ИДРИЗ ЈАШАР РАМАДАНИ од с.Чегране, во траење од 3 месеци.

II

Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

М.В