/ Прочитано:

1.223

ИВЗ бара помош за контрола на џамии, МВР вели не е надлежна – треба построги закони, согласни се двете страни

Четврток, 21 август 2014 – Полицијата нема надлежност да проверува дали џамиите се под контрола на ИВЗ, вели министерката за внатрешни работи Јанкулоска што воедно е одговор на барањето на поглаварот на ИВЗ, по обвинувањата дека полицијата не реагирала на нивната информација дека немаат целосна контрола на две џамии во Скопје.

Министерката за внатерешни изјевите ги смета како сензационалистички и во функција на личните амбиции на поглаварот Сулејман Реџепи.

 „Законската регулатива во земјава не е доволно силна кога станува збор за македонски државјани кои војуваат во странство и решението е донесување на нов закон и воведување ново кривично дело, кое ќе превидува големи затворски казни, не само за они кој врбуваат и организираат радикални исламски верници од земјава, туку и за оние практично одат, односно се директни учесници во војните, пред се во Сирија и Ирак“, смета Јанкулоска.

 Денеска Исламската верска заедница излезе со изјава дека го поддржува Министерството за внатрешни работи во намерата ригорозно да ги санкционира учесниците во воени кофликти на боиштата во светот.

 „ИВЗ ја поздравува одлуката на МВР, врз основа на која се предвидува санкционирање на организаторите на групите и оние кои ги потикнуваат луѓето да одат и да војуват во конфликти надвор од земјата, велат од таму.

 Според ИВЗ две џамии во Скопје не се под нивна контрола и бараат помош од МВР.

 „Тоа се џамиите „Јахја-паша“ и „Тутунсези“. Во овие две џамии, иако вработените, имамите и нивните помошници се наши луѓе, првиот човек не е наш, туку е наметнат. И покрај тоа, ние сме слободни и не може да ни го забрани влезот, но немаме целосна контрола во овие две џамии. Сме барале од компетентните владини органи да ни помогнат почитувајќи го законот, но тие не ја извршија својата работа, затоа доколку нешто се случи во Јахја-пашината џамија и во „Тутунзес“, за нас, тоа ќе се случи во МВР, а не во нашите објекти“, рече Реис Ул Улема Ефенди Сулејман Реџепи, претседател на ИВЗ.

Инаку, според регулативата која ја утврдува правната положба на верските институции, се вели дека секое лажно претставување за верски службеник и злоупотреба на верски униформи и обележја на регистрирана црква, верска заедница и религиозна група не е дозволено, како дека никој не смее да ги попречува свештените лица и верските службеници од цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија во извршувањето на нивните верски активности во јавните верски објекти.

(М.В)