/ Прочитано:

1.666

ИЗМЕНЕТА ВЕРЗИЈА на Правилникот за начинот на одмерување на казните – Адвокатската комора со повик до адвокатите да достават мислење!

Четврток, 17 април 2014 – Претседателот на Врховниот суд достави изменета верзија на Правилникот за начинот за одмерување на казните. Од Адвокатската комора велат дека рокот од еден ден не е доволен, но ги повикуваат членовите на Адвокатската комора да достават свое мислење.

До Адвокатската комора на Република Македонија е доставена изменета верзија на Правилникот за начинот на одмерување на казни заради давање мислење во смисла на член 1 од Законот за измена на Кривичниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.28/2014)“, се вели во соопштението на Адвокатската комора.

Од Авокатската комора потенцираат дека од страна на Претседателот на Врховниот суд им е оставен рок од еден работен ден Адвокатската комора да достави мислење и велат дека тој рок е недоволен.

„Го известивме Претседателот дека тоа е недоволен рок за давање одговорно мислење и дека комората во разумен рок ќе ја анализира изменетата верзија на Правилникот и ќе даде свое мислење.Поради тоа се повикуваат членовите на комората да ја ананлизираат изменетата верзија на Правилникот за начинот на одмерување на казните и во наредните 7 дена да достават мислење до Управниот одбор“, истакнуваат од Адвокатската Комора.

>>>Прилог: Изменета верзија на Правилникот за начинот на одмерување на казните