/ Прочитано:

1.193

ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: Пролонгирање на датумот за предвремените избори и за забраната за платено политичко рекламирање

Собранието на Република Македонија ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик предложени од пратениците Зоран Илиоски и Џеват Адеми.

akademik..

„Со Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, во преодните одредби предвидено е предвремените избори за пратеници да се одржат на 24 април 2016 година, но со оглед на тоа што не е постигнат политички договор за датумот на одржување на изборите, предлагаме да се изменат одредбите од Законот со кои се предвидува изборите да се одржат на 24 април 2016 година и да се пролонгира датумот за 5 јуни 2016 година“, посочија предлагачите во законското образложение.

Според новите измени, во членот 82 став 1 од Избирачкиот законик, датумот „24 април 2016 година“ се заменува со датумот „5 јуни 2016 година“.

Исто така, датумот „20 декември 2015 година“ се заменува со датумот „27 февруари 2016 година“. Овој датум се однесува на забраната за платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите).

„Со измените се предвидува одложување на периодот од 20 декември 2015 година за 27 февруари 2016 година, кога радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) не да смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на Градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања“, се посочува во законското образложение.

Во врска со пролонгирањето на датумот за избори, пратениците ја изгласаа и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

„Со оглед на тоа што не е постигнат политички договор за датумот на одржување на изборите, се предлага пролонгирање на датумот за распуштање на Собранието, за 7 април 2016 година, односно 60 дена пред датумот на одржување на предвремените избори за пратеници во Република Македонија“, се вели во образложението на Одлуката.