/Прочитано:

465

Измени на законите од областа на Јавното обвинителство и ЗКП чија цел е контролен механизам на полицијата во согласност со практиката на ЕСЧП

Министерството за правда подготвува измени на Законот за Јавното обвинителство, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за Советот на јавни обвинители и Законот за кривичната постапка.

Постоењето независни, ефикасни и навремени механизми за контрола на работата на полицијата, образложуваат од Министерството за правда, е барање во согласност со ЕКЧП, ЕСЧП и стразбуршкото прецедентно право. Овие механизми, нагласуваат од Министерството, е потребно да бидат хиерархиски независни од оние чиешто постапување е предмет на истрага.

„Повеќе извештаи на меѓународни организации, како и на национални институции и невладини организации наведуваат дека контролните механизми над телата за спроведување на законите во Република Македонија не се на соодветно ниво. Ова е потврдено и со повеќе пресуди на ЕСЧП во Стразбур, каде што е утврдена повреда на ЕКЧП“, посочуваат од Министерството за правда во образложенијата на четирите закони што се предмет на подготовка.

Во врска со целта на законите, од Министерството за правда велат дека цел на законските решенија е имплементација на надворешниот независен контролен механизам во нашето законодавство за припадниците на Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања за припадниците на затворската полиција.

„Еден од сегментите на овој механизам е воспоставување контрола од страна на Јавното обвинителство. Значајна улога во рамките на овој механизам се планира да имаат истражителите во Јавното обвинителство“, истакнуваат од Министерството за правда.

M.В