/ Прочитано:

1.621

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА АЗИЛ И ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА: Странецот пред полицискиот службеник да искаже намера дека ќе поднесе барање за признавање на право на азил

Вторник, 12 мај 2015 – Министерството за внатрешни работи подготвува нови измени на Законот за азил и привремена заштита со цел да им се олесни пристапот во постапката на потенцијалните баратели на азил.

„Целта на Предлог-законот е да им се олесни пристапот на потенцијалните баратели на азил и да се превенира нелегалната миграција“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Странецот да искаже намера дека ќе поднесе барање за признавање на право на азил

Како што образложуваат од Министерството, со предложеното нормативно решение му се овозможува на странецот на граничен премин или во внатрешноста на територијата на Република Македонија пред полициски службеник на Министерството за внатрешни работи да искаже намера дека ќе поднесе барање за признавање на право на азил.

Да се поднесе барање во рок од 72 часа

Исто така, странецот треба да биде упатен во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил пред овластено службено лице на Одделението за азил во просториите на Прифатниот центар за баратели на азил.

Ќе се олесни пристапот и ќе се превенира нелегалната миграција

„Преку креирање на предметното решение ќе им се олесни пристапот на потенцијалните баратели на азил во постапката за остварување на право на азил и ќе се превенира нелегалната миграција. Исто така во Предлог-законот се утврдени и модалитетите, односно местата до кои барателот на право на азил може да поднесе барање за признавање на право на азил.

M.В