/ Прочитано:

1.418

Измени на Законот за трговски друштва заради усогласување со новиот Закон за прекршоци

Четврток, 1 октомвеи 2015 – Измените на Законот за трговски друштва се во насока на усогласување со новиот Закон за прекршоци кој предвидува примена на нова методологија за одмерување на глобите која што се заснова на критериумите „вкупен приход остварен во претходната фискална година“, „просечен број на вработени“ и „претходно поведение на сторителот“.   

Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва, кој е на прво читање во Собрание, како што се посочува, е подобрување на деловната клима во Република Македонија, со воведување конкретни мерки во делот на прекршочната политика со кои значително ќе се намали висината на глобите за трговските друштва, во случај на сторени прекршоци.

Основните решенија во предлог на законот се базираат на новата методологија за одмерување на висината на глобите, од страна на надлежните инспекциски и прекршочни органи, која што е утврдена во рамки на членот 39 од Законот за прекршоците.

„Со предложените измени на Законот за трговските друштва се интервенира во делот на прекршочните одредби, поточно во делот на глобите, заради усогласување со новиот Закон за прекршоци, кој предвидува значително т.е. неколкукратно намалување на глобите за сторени прекршоци од страна на правни лица, односно трговец поединец, со примена на новата методологија за одмерување на глобите утврдена во овој закон, која што се заснова на критериумите: 1)вкупен приход остварен во претходната фискална година, 2)просечен број на вработени и 3)претходно поведение на сторителот.

На овој начин, правните лица со помал вкупен приход и помал број вработени ќе плаќаат пониски казни за исти прекршоци во однос на казните кои ќе ги плаќаат правните лица со поголем вкупен приход и поголем број вработени“, се вели во образложението кон законското решение.

Објаснување на содржината на одредбите на Предлог-законот

Со членот 1 од Предлог на законот се менува постојниот член 598, во  насока фиксирање на износот на глобата за трговец поединец на 1.000 евра, наместо досега предвидениот износ во распон од 500 до 1.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член.

Со членот 2 од Предлог на законот се менува постојниот член 599, во насока фиксирање на износот на глобата за трговското друштво на 3.000 евра, наместо досега предвидениот износ во распон од 1.500 до 3.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. За одговорното лице во трговското друштво, се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на трговското друштво, наместо досегашниот износ на глоба во распон од 500 до 1.000 евра.

Со членот 3 од Предлог на законот  во     членот  599-а  се мнеува став 2 со тоа што се прецизира дека прекршочнатат санкција забрана за вршење на должност наместо  од една до три години ќе изнесува  до 1 година .

Со членот 4 од Предлог на законот се менува постојниот член 600, во насока фиксирање на износот на глобата за јавното друштво на 3.000 евра, наместо досега предвидениот износ во распон од 1.500 до 3.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. За одговорното лице во јавното друштво, се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на јавното друштво, наместо досегашната глоба во износ од 1.500 евра.

Со членот 5  од Предлог на законот  во    членот  600-а   се менува став 2 со тоа што се прецизира дека прекршочната санкција забрана за вршење на должност наместо  од една до  три години ќе изнесува  до 1 година .

Со членот 6 од Предлог на законот се менува постојниот член 601, во насока фиксирање на износот на глобата за друштвото со ограничена друштво на 3.000 евра, наместо досега предвидениот износ во распон од 1.500 до 3.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. За одговорното лице во друштвото се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на друштвото, наместо досегашната глоба во износ од 1.000 евра.

Со член  7  во  член 601-а се менува став 2 со тоа што се прецизира дека прекршочната санкција забрана за вршење на должност наместо  од една до  три години ќе изнесува  до 1 година .

Со членот 8 од Предлог на законот се менува постојниот член 602, во насока фиксирање на износот на глобата за акционерското друштво на 3.000 евра, наместо досега предвидениот износ во распон од 1.500 до 3.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. За одговорното лице во друштвото се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на друштвото, наместо досегашната глоба во износ од 1.000 евра.

Со членот 9 од Предлог на законот се менува постојниот член 604, во насока фиксирање на износот на глобата за командитното друштво на 3.000 евра, наместо досега предвидениот износ во распон од 1.500 до 3.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. За одговорното лице во друштвото се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на друштвото, наместо досегашната глоба во износ од 1.500 евра.

Со  членот 10  во член 604-а се менува став 2 со тоа што се прецизира дека прекршочната санкција забрана за вршење на должност наместо  од една до  три години ќе изнесува  до 1 година .

Со членот 11 од Предлог на законот се менува постојниот член 605, во насока фиксирање на износот на глобата за странското трговско друштво на 3.000 евра, наместо досега предвидениот износ во распон од 1.500 до 3.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. Воедно, се воведува глоба за одговорното лице во ова друштво, во износ од 30% од одмерената глоба на странското трговско друштво. 

Со членот 12 од Предлог на законот се менува постојниот член 605-а, воведен со член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва објавен во Службен весник на Република Македонија бр.42/2010, во насока фиксирање на износот на глобата на 5.000 евра, за друштвото чии акции котираат на берза и на друштво кое согласно со Законот за хартии од вредност е со посебни обврски за известување, наместо досега предвидениот износ во распон од 2.500 до 5.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. Воедно, се воведува глоба за одговорното лице во ова друштво, во износ од 30% од одмерената глоба на друштвото.

Со членот 13 од Предлог на законот се менува постојниот член 605-а, воведен со член 26 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва објавен во Службен весник на Република Македонија бр.48/2010, во насока фиксирање на износот на глобата на 5.000 евра, за друштвото наместо досега предвидениот износ во распон од 2.500 до 5.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член. Воедно, се воведува глоба за одговорното лице во ова друштво, во износ од 30% од одмерената глоба на друштвото.

Со членот 14 од Предлог на законот се менува постојниот член 605-в, во насока фиксирање на износот на глобата на 5.000 евра, за друштвото кое реализирало зделка со заинтересирана страна, наместо досега предвидениот износ во распон од 2.500 до 5.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член.

Со членот 15 од Предлог на законот се менува постојниот член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва објавен во Службен весник на Република Македонија бр.42/2010, во насока фиксирање на износот на глобата на 5.000 евра, за друштвото чии акции котираат на берза и на друштвото кое согласно Законот за хартии од вредност е со посебни обврски на известување, наместо досега предвидениот износ во распон од 2.500 до 5.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член.

Со членот 16 од Предлог на законот се менува постојниот член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва објавен во Службен весник на Република Македонија бр.42/2010, во насока фиксирање на износот на глобата на 5.000 евра, за друштвото наместо досега предвидениот износ во распон од 2.500 до 5.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член.

Со членот 17 од Предлог на законот се менува постојниот член 27 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва објавен во Службен весник на Република Македонија бр.48/2010, во насока фиксирање на износот на глобата на 5.000 евра, за друштвото наместо досега предвидениот износ во распон од 2.500 до 5.000 евра, во случај на сторен прекршок утврден во овој член.

Со членот 18 од Предлог на законот се се додава нов член 605-г со кој се воведува нова одредба која упатува на примената на Законот за прекршоци, при одмерувањето на висината на глобите за трговските друштва и за трговецот поединец. / E. П.