/ Прочитано:

1.178

Измени во Законот за градење: Изгледот на фасадите во централното подрачје ќе може да се утврдува со одлука на општината

Среда, 8 јануари 2014 – Советот на општината, советот на општината во градот Скопје односно советот на градот Скопје со одлука може да го утврдат изгледот на фасадата на еден или повеќе објекти кои се ставени во употреба, а кои се наоѓаат во централното подрачје, доколку утврдат дека тоа е од значење за општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, се вели во новите измени и дополнувања во Законот за градење.

Според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, предложените измени и дополнувања се во насока на утврдување на постапката за донесување на одлука на совет на општина, општина во градот Скопје односно совет на град Скопје, со која се утврдува изгледот на фасадата на објекти кои се во употреба и кои се наоѓаат во централното подрачје.

Покрај тоа, се утврдува и постапката  за промена на инвеститор во случаите кога правно или физичко лице се стекнало со право на градење кое било предмет на продажба во стечајна постапка при што се пропишува кој може да биде подносител на барањето, која документација се доставува кон барањето и се уредува постапувањето на надлежните органи.

„Согласно сегашните прописи предвидено е да се изврши промена на инвеститор во случаите кога во текот на изградбата ќе дојде до промена на инвеститорот. Со донесување на Закон за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликавидација и Законот за стечај, се предвидува предмет на продажба да биде правото на градење на стечаен должник, од кои причини се јавува потреба за пропишување на постапка за промена на инвеститор во овој случај“, ги наведува причините за изменување и дополнување на Законот за градење, Министерството за транспорт и врски.

>>Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење (прво читање)